РЕХАУ ги решава Вашите задачи со систем

Секоја градба е комплексен организам, кој се состои од најразлични елементи и кружни текови и фукционира само кога сите компоненти  ефикасно комуницираат меѓусебе.

Затоа ние не мислиме само на производи, туку на целосни системи. Како водечки европски производител РЕХАУ нуди иновативни полимерни решенија за целиот објект, на тема енергија, вода и инфраструктура. Во нашиот асортиман за секоја примена ќе ја најдете соодветната технологија.

Ние развиваме целосни интелигентни решенија, кои се ориентирани кон иднината, кои ги поврзуваат екологијата и економијата, дизајн и фукнкција, сигурност и удобност, и со тоа поставуааат нови трендови во градежништвото. На основа на нашето долгогодишно искуство и техничка компетентност, ги користиме предностите на модерните материјали и целосни платформи, за да ја направиме Вашата работа со комплексните системи што поедноставна.

РЕХАУ се заложува за успех во многу области. Спектарот се состои од анализа, концепција и планирање како и изведба и спроведување, па се до подршка при самата работа и вкупно опфаќа четири различни сегменти.

Прозорска и фасадна техника 

Објектна техника

НискоградбаРегенеративни енергии

Прозорците и фасадите се формативни архитектонски средства за уредување за секоја градба и одлучувачки фактор за ефикасност. На производителите на прозорци и фасади РЕХАУ им испорачува квалитетни, иновативни и енергетски ефикасни профили Заедничката платформа на сите профили и многубројните услуги, обезбедува оптимална продуктивност.

За внатрешноста во објектите РЕХАУ произведува иновативни технички целосни решенија од стандардизирани компоненти и индивидуални услуги. Опсегот се простира од соларна термија и фотоволтаични системи, модерно греење и ладење, електро канали, системи за гас и вода, па се до индустриски цевки и системи под притисок. 

Инфраструктурата под земја бара посебни услови на работа како и долговечност на системите. РЕХАУ за тоа нуди интелигентни и компатибилни концепти за управување со водите, техниката за енергија и пренос на податоци, кои убедуваат со својата економска и еколошка оправданост.

Добивањето на енергија со заштеда на ресурсите и климата, е централна тема на иднината за човештвото воопшто и за градежниците особено. За тоа РЕХАУ веќе со години особено внимава на ефикасното искористување на енергијата од обновливи извори на енергија. Со енергетски комфорниот систем успеавме да постигнеме систем кој ги поврзува површинското греење односно ладење со геотермија, соларна термија како и топлински пумпи.

За нашата мисија дознајте повеќе од филизофијата на компанијата...

Кутија со алатки

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

РЕХАУ во Ваша близина

Понуди за...

Пронаоѓач на производ