РЕХАУ се залага за мобилност

Покрај снабдувањето на големи автомобилски производители во областа на екстериерот, заптивањето, менаџментот за вода и за воздух, се претставуваме и како компетентен партнер за директните и индиректните снабдувачи (First- и Second-Tier-Supplier) во областа на патнички возила (Passenger Cars), и тоа во делот за удобна хидраулика, пневматика,  автомобилски електрични системи и системи за климатизација. Нашата палета на производи, во зависност од барањата на клиентите, опфаќа од поединечни елементи за составување па сè до комплексни и лакирани системи подготвени за монтажа, како на пр. од областа на амортизерите.

Како специјалист за производство го покриваме целиот синџир на вредности: почнувајќи од развивање на материјали преку инженерство, проект-менаџмент, технологија на производство, логистика па сè до сериско снабдување и снабдување со резервни делови. Во корист на нашите клиенти истовремено и усогласено развиваме потенцијали за подобрување во сите етапи на производство. Голем број на патенти и концепти на РЕХАУ сведочат за нашиот капацитет и иновативна сила.

Кутија со алатки

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

РЕХАУ во Ваша близина

Понуди за...

Пронаоѓач на производ