За највредната материја на иднината: системи за управување со води
Кај природниот циклус на водата ниту една капка не е залудно потрошена. Овој совршен систем е пример за РЕХАУ и за неговиот одржлив менаџмент на вода, кој во сиромашните региони со вода ги обезбедува суштинските ресурси за идните генерации и им помага на регионите во светот со повисок степен на влажност, да ги исполнуваат и да бидат свесни за сѐ построгите барања за заштита на животната средина и заштедувањето на трошоци. Решенијата го опфаќаат целиот хидролошки циклус од снабдување со вода за пиење, преку стопанисување со атмосферска вода па сѐ до канализација и третман на отпадни води. Полимерните материјали гарантираат непропустливост и безбедност дури до 100 години.