РЕХАУ геотермија за австралиски радиотелескоп

Kратка информација

МестоМесто
Западна Австралија
Носител на проектНосител на проект
CSIRO
Вид на проектВид на проект
Радиотелескоп
ГодинаГодина
2013
ЗемјаЗемја
Австралија

Геотермални системи за австралискиот радиотелескоп

Во западна Австралија, 400 километри североисточно од градот Гералдтон, по налог на  Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation се гради ASKAP (Australian Square Kilometre Array Pathfinder). Овде се работи за радиотелескоп на најновата генерација, опремен со најчувствителна техника на приемници и комуникација. По неговата изработка, тој ќе помогне за целиот свет, при наоѓење на основни прашања за универзумот. Тој ќе се одржува со високоефикасни енергетски концепти, како на пример геотермија, за ладење на компјутерот.

Поради чувствителната опрема, владата нареди да нема фреквенција во радиус од 100 километри од местото. Друг услов е добивање на енергија без звук, земајќи ја во предвид огромната потреба од разладување на комјутерските простории. Овој проблем е решен од страна на конструкторите на проектот со помош на 96 геосонди РАУГЕО PE-Xa од РЕХАУ на длабочина од 124 метри.

Со помош на геотермискиот систем, вишокот на топлина од компјутерските простории беззвучно се води во земјиното тло. Системот работи и разладува постојано, 365 дена во годината. Целокупната потребна енергија, се подготвува на лице место, со помош на децентралниот регенеративен енергетски систем. Со ова, годишно можат да се заштедат околу 300.000 AUS $.

Изведувачка фирма беше специјалистот за вертикални геитермални бушотини од Перт Geoexchange Technologies Pty Ltd или кратко GeoTec. Врз основа на големото познавање на системските решенија на РЕХАУ, директорот Петер Бак, ги препорача високоотпорните, особено за процесот на ладење, геосонди од PE-Xa, наместо досегашните PE 100 сонди. Векот на траење на применетите двојни У сонди е преку 100 години. Со тоа се гарантира долговечна и сигурна правилна работа на системот.

Покрај геосондите, употребени се и осум километри РАУГЕО водови како и 12 разделни шахти од типот РАУГЕО средна, заради обединување на круговите. Како материјал за исполнување беше употребен Геосолид 240 од германскиот партнер на РЕХАУ, Фишер.

Зад целата работа на вградување на геотермалните системи, стои исклучителна логистичка подршка од страна на РЕХАУ. Така, сондите, шахтите како и целиот дополнителен прибор, потекнуваат од фабриката на РЕХАУ во Бајерн, Фихтах. Врз основа на тесната соработка помеѓу локациите на РЕХАУ во Австралија и Германија, како и оптималното планирање на производството и логистиката во фабрика, проектот е успешно изработен.

Информација за производот

Добивање на енергија од длабочина - земјина топлина за животот

Добивање на енергија од длабочина - со највисок квалитет 

Кутија со алатки

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

РЕХАУ во Ваша близина

Понуди за...

Пронаоѓач на производ