Квалитетот на водата за пиење, нашата најважна материја за живот, се одлучува до последните метри во цевововдот. За планирање и изведба на една водоводна инсталација е важно, материјалот кој ќе се употреби да ги исполнува актуелните и идни стандарди за цевоводи.
РАУТИТАН е систем, кој ги исполнува тие барања во целост. Вие и Вашите муштерии со тоа добивате долгорочна сигурност.
Докажаната програма на полимер фитинзи и подвижна навлака (PX) како и фитинг навој од месинг (MX), се дополнува со новиот РАУТИТАН ЅX фитинг навој од облагороден челик. Во комбинација со висококвалитетните полимерни цевки, се обезбедува хигиена и сигурност на водоводната инсталација.
Со РАУТИТАН добивате целосна програма, со која навистина сте опремени за секој предизвик при градбата на водоводна инсталација!
На врвен материјал, одговара и врвен сервис: За проектирање го имате калкулаторот на зета вредности. А во новата верзија 5.0 РАУКАД софтверот го содржи шематскиот генератор. Со него можете лесно и точно да ја проектирате водоводната инсталација, пресметувајќи ја загубата на притисок за секој фитинг.
За примена на РАУТИТАН, на располагање Ви стојат и курсевите кои ги организира РЕХАУ во рамките на својата академија. Информирајте се за.
Сакате да дознаете повеќе за РАУТИТАН и новата РАУТИТАН SX програма на фитинзи? РЕХАУ продажното биро во Ваша близина ќе Ве информира со задоволство! Послужете се со нашиот формулар за контакт.


