I. Општи одредби

Нашите испораки, услуги и понуди за цени ќе се изведуваат строго во согласност со следниве услови. Тие услови ќе се применуваат и за деловното работење во иднина и за нив не треба повторно да се договара. Овие услови треба да се прифатат најдоцна до приемот на испораката на стоки и услуги. Нема да се применува било какво барање од страна на Купувачот во однос на поставување на негови услови. Секое отстапување од овие услови ќе се применува само во случај ако истото е одобрено во писмена форма од наша страна.

II. Цени и склучување на договори

1. Нашите понуди за цени ќе бидат без обврска, освен ако не е поинаку назначено. Мострите и примероците се само за ориентација и без никаква обврска за купувачот. Договорите и спогодбите за продажба ќе станат задолжителни врз основа на писмена потврда за нарачка или по нашата испорака на роба, со наша фактура што во вториот случај ја заменува потврдата за нарачка.

2. При нарачувањето често употребуваниот израз „ претходно услужени ќе се однесува во сите случаи на дизајнот, а не на цената. Единствениот прифатлив опис на производ е брендот на РЕХАУ.Назначувањата на брендот на корисникот не е обврзувачки.

3. Било каков технички совет даден во усмена или писмена форма од наша страна во смисла на начин на употреба и примена на производот не е обврзувачки – како и во однос на сопственички права на трети страни – такашто купувачот на е ослободен од можноста за понатамошно испитување на нашите производи во однос на тоа колку се соодветни за процесите и целите за кои тој има намера да ги користи.

III.Цени

1. Освен ако не е поинаку договорено, нашите цени подразбираат франо фабрика или магацин и не вклучуваат пакување, транспорт или данок на додадена вредност според стапката што се применува на денот на испораката.

2. Освен ако не е поинаку наведено, цените се дадени без обврска и ќе зависат од тековните трошковни фактори. Доколку настанат промени во трошковните фактори пред денот на доставување на робата, на пр. заради зголемување на цените за суровини или зголемување на платите, го задржуваме правото да ги прилагодиме нашите цени во согласност со погоре наведеното.

3. Нарачките за кои нема договорена цена ќе се фактурираат по цени што се важечки на денот на испораката.

4. Освен ако не е поинаку договорено, цените за продажба како и понудите за цени и пресметките треба да бидат изразени во денари.

IV. Начини и услови за плаќање

1. Доколку не се договорени поинакви услови на плаќање со посебни договори, ќе се применуваат следниве услови:

• 2% Попуст на вредноста на робата ( со исклучок на трошоците за пакување, пренос и слични трошоци) за плаќања во рок од 10 дена; • Нето плаќање во рок од 30 дена од денот на доставувањето на фактура, освен во случај ако во ценовникот се определени поинакви услови за плаќање за различни видови на производи; • Попуст нема да се пресметува на трошоци за обработка или за нарачки на роба со нето вреднот помала од 305,00 евра;• Претходно споменатиот попуст ќе биде дозволен само во случај ако робата што била претходно доставена е исплатена во целост; • Плаќањата ќе се вршат без оглед на известувања за неисправност;• Плаќањето ќе се врши во Скопје.2. Прифатливо е задржување или израмнување на плаќања, само во случај ако контрапобарувањата на купувачот се неоспорни и правно издржани.

3. Робата нема да биде доставена без претходно барање за плаќање ако е поминат периодот за извршување на плаќањето. Робата нема да биде доставена и во случај ако купувачот не изврши плаќање откако бил потсетен за рокот на плаќање.

4. Во случај на неизвршено плаќање, сите тековни сметки и сумите од мениците ќе се реализираат. Доколку не се почитуваат условите на плаќање или во случај на настанати околности што можат да ја намалат кредитната способност на Купувачот, ние веднаш ќе ги дадеме на исплата сите наши побарувања. Ние исто имаме право да ги реализираме сите преостанати испораки само во случаи на извршено предвремено плаќање или обезбедување на гаранции. Доколку не се изврши предвремено плаќање и не се обезбедат хартии од вредност по истекот на одредениот период, ние имаме право да се повлечеме од договорот во однос на сите услуги или преостанати испораки, со тоа што сите побарувања од страна на Купувачот за оние испораки што не биле реализирани ќе застарат.

5. Ние имаме право да ги израмниме сите побарувања кои се доспеани од купувачот наспроти сите побарувања што се бараат од нас од страна на купувачот врз основа на испорака или други правни случаи.

V. Задржување на право на сопственост и други гаранции

1. Ние го задржуваме правото на сопственост на роба додека не биде целосно исплатена по сите сметки за наплата од купувачот, вклучувајќи и било какви побарувања што можат да произлезат од деловната врска во иднина.

2. Стоката за која се задржува правото на сопственост и која е доставена од наша страна секогаш ќе биде обработена и преобразена до прекин на добивањето на право на сопственост за нас, но без превземање на обврска од наша страна. Обработените стоки ќе служат како наша гаранција само во износ на вредноста на стоката со задржување на право на сопственост. Во случај на обработка од страна на Купувачот на стока што не ни припаѓа на нас, ние имаме право на косопственост на новиот производ во однос на вредноста на стоката што била испорачана од наша страна (фактурирана вредност) со тоа што овој нов производ е предмет на задржување на правото на сопстеност со значење на овие услови.

3. Продавачот ја обработува и ја продава робата со задржување на правото на сопственост во своето деловно работење.

4. Продавачот со ова ни ги доделува преку хартии од вредност сите негови побарувања, вклучувајќи билансни побарувања од договори за тековни сметки, третирање, обработка или инкорпорирање на онаа роба што била доставена од наша страна; ова се однесува под еднакво на побарувања од страна на купувачот што произлегува од други случаи во законот (осигурување,штети итн.) во однос на стоката со задржување на право на сопственост. Доделувањето во сите случаи ќе биде ограничено на вредноста на испорачаната роба, како што е наведено во нашите фактури.Доколку клиентот на купувачот го има ефективно исклучено доделувањето на побарувања, ние и купувачот, во рамкте на нашата внатрешна врска, ќе постапуваме како претходноспоменатите побарувања од било каков вид што однапред ни биле ефективно доделени. Ние сме овластени од страна на Купувачот да ја потврдиме побаруваната сума во негово име за нашата сметка кога Купувачот не е повеќе овластен, во согласност со понатаму дадениот договор, да ја собере побаруваната сума во негово име.

5. Ние неотповикливо го овластуваме Купувачот да ги собере побарувањата што ни се дадени на нас за сопствената сметка и на негово име. Доколку Купувачот не ги исполни обврските кон нас или ако произлезат други околности определени во Точка IV.8, купувачот, на наше барање ќе го прикаже доделувањето и ќе ни ги достави потребните информации и документација. Ние сме овластени директно да ги известиме должинците на Купувачот за доделувањето и да бараме исплата од нивна страна.

6. Кога еднаш е испорачана робата, таа не смее да се дава како залог или да се дава во форма на гаранции без наша согласност. Во случај на дејства на трети страни со цел добивање на робата со задржување на право на сопственост, Купувачот ќе го прикаже нашето право на сопственост, ќе не информира без одложување и ќе ни обезбеди помош потребна за одбрана на нашите права.

7. Во случај на прекршување на договорот од страна на Купувачот- посебно нереализирање на плаќања- ние имаме овластување да се повикаме на нашето прво на сопственост и да бараме итно, предавање на стоката со задржување на право на сопственост, самите или преку посредници и добивање директна сопственост врз нив или, ако е потребно, да бараме доделување на побарувањата на купувачот за враќање на стоката од трети страни. Тврдењето за задржување на право на сопственост не вклучува повлекување од договорот.

8. Доколку вредноста на хартиите од вредност во наша корист ги надминува нашите побарувања за повеќе од 20%, ние, на барање на Купувачот, ги ослободуваме хартиите од вредност според наш избор.

9. Купувачот соодветно ќе ја осигури целата роба со задржување на право на сопственост од сите ризици. Било какви поплаки за штета против осигурителите со ова ни се доделуваат на нас во вредност на робата со задржување на право на сопственост.

VI. Ориентација за времето и начинот на работа

1. Местото за испораки е Скопје или седиштетето на погонот или магацинот на РЕХАУ што има добиено упатства за извршување на испораката.Времето за испорака е исполнето, ако до одреденото време робата што се испорачува, го напуштила погонот или е дадено известување дека е веќе спремна за испорака, или услугата е извршена.

2. Времето за испорака се продолжува во разумен рок во случај да се преземат мерки како резултат на индустриски дејствија, посебно штрајкови и протести, како и појава на непредвидени пречки кои се вон наша контрола кога таквите пречки имаат значително влијание на производството или на испораката на робата за продажба или на извршувањето на бараните услуги.Ова важи и ако слични околности се случат и со нашиот набавувач или ако ние самите сме несоодветно снабдени со примарни материјали без наша вина или ако таквите околности настанат додека сме оневозможени да работиме. Во случај на продолжување на рокот за подолг временски период, ние, по давањето на извесен период на чекање, како и Купувачот имаме право да се повлечеме од договорот. Во важни случаи, ние сме должни да го известиме Купувачот колку што е можно порано за времето кога настанале и кога ќе завршат пречките.

3. Купувачот може да го раскине договорот без давање на известување, ако произлезе дека е невозможно ние да ги извршиме услугите дефинирани со договорот заради ризик. Купувачот може да го раскине договорот , ако ние не сме во можност да исполниме дел од нарачката и тој има оправдана причина да ја одбие делумната испорака. Ако тоа не е случај, Купувачот мора да го плати оној дел на договорот што ја покрива делумната испорака. Истите услови се применуваа и во случај на оневозможеност од наша страна. Делот IX се однесува и на други околности. Ако неможноста или спреченоста настане кога купувачот доцни со прифаќањето на робата, или ако Купувачот сам ја сноси одговорноста или дефиниран поголем дел од одговорноста, тој има обврска да изврши плаќање.

4. Доколку ние не ја извршиме испораката на време и заради тоа Купувачот претрпува штети, купувачот има право на надокнада на штета во форма на договор за израмнување на штетата. За секоја завршена недела на задоцнета испорака, ова сума ќе изнесува 0,5 %, меѓутоа вкупно не повеќе од 5 % на вредноста од тој дел од целокупната пратка што како резултат на задоцнувањето, не може да се користи на време или во согласност со договорот. Ако, по крајниот рок и земајќи ги предвид отстапките дадени во законот, Купувачот ни постави разумен рок за испорака и тој рок не е испочитуван, купувачот има право да се повелече од договорот во согласност со условите предвидени со закон. Сите останати и додатни жалби во врска со задоцнета испорака се исклучени до граници дозволени според законот.

5. Робата која се смета за готова за испорака може да биде откажана од страна на купувачот по истекот на времето за испорака, во спротивно ние имаме право да ја препратиме стоката според наше мислење или да ја складираме робата по наше налагање на сметка и ризик на купувачот. Истите услови се однесуваат ако не може да се изврши испораката од наша страна од причини што не можеме да го контролираме. По известувањето дека робата е спремна за испорака, стоката се смета за снабдена и може да се фактурира.

6. Начинот на препраќање, начини на испорака, рутата за транспорт како и природата и обемот на потребни заштитни средства, изборот на препраќач или преносител, како и пакувањето ќе биде оставено на нашиот избор. Ова ќе биде според наше наоѓање и ќе се води сметка и ќе се внимава на исклучување на правни и материјални обврски. Стоката треба да се осигури само во случај на брзо барање од страна на Купувачот и на негова сметка.

7. Делумните пратки се прифатливи. Продавачот има право да достави 10% помалку или повеќе од нарачаната количина, или 20% во случај на производи направени по спецификација, ваквите количества се фактурираат соодветно.

VII. Префрлање на ризик

1. Освен доколку не е поинаку договорено, ризикот во сите случаи се префрла на Купувачот кога стоката се пренесува преку препраќач или преносител, кога тие ќе го напуштат погонот или магацинот.

2. Сите жалби во врска со нецелосни испораки, неисправни или несоодветни производи мора да се доставуваат до Продавачот во писмена форма и тоа без одложување и најдоцна во рок од 10 дена по приемот на робата. Во спротивен случај пратките се сметаат за одобрени.

VIII. Жалби во однос на неисправност

Во случај на доставување на материјално и правно неисправна роба, ние ги даваме следните гаранции во согласност со Дел IX и одбивање на понатамошни жалби:

Материјална неисправност

1.Поправки кои се бесплатни, според наше наоѓање,ги заменуваат испораките од сите делови или услуги кои се покажуваат како материјално неисправни во определен временски период, ако неисправноста постоела за време на ризикот.

2. Доколку се воспостави дека жалбата е неоснована, ние имаме право да ги побараме нашите следни трошоци од купувачот

3. На почетокот, ние имаме можност да нарачаме замена за робата во извесен временски период. Ако замената за практаката не успее, купувачот без оглед на барањата за штети во согласност со одредбите на Дел IX – може да го раскине договорот или да го намали плаќањето.

4. Жалбите за неисправност не се прифатливи доколку робата незначително се разликува од договорените карактеристики, ако нејзината соодветност за користење е само незначително намалена, или ако робата има претрпено природна промена или штета по поминувањето на ризикот како резултат на несоодветен или неодговорен однос, наметнување на голема сила или употреба на несоодветни средства за работа. Ние имаме право да ги одбиеме жалбите доколку Купувачот не го достави до нас неисправниот дел во рок од четири недели ако од него е тоа побарано; ова не се применува ако доставувањето е попреченио од природата на делот или од начинот на кој тој е инсталиран итн.

5. Барањата од купувачите за поврат на трошоците произлезени од замената за пратка, особено транспортни, патни, материјални трошоци и трошоци за работа, се неприфатливи до обем до кој трошоците се зголемиле со дополнително пренесување на испорачана стока од деловното седиште на купувачот до друго место, освен доколку пренесувањето не е поврзано со употреба на стоката според намената.

Правна неисправност

6. Доколку од нас се бара да испорачаме стока врз основа на цртежи,модели, мостри или делови како примероци обезбедени од страна на Купувачот, тој ја сноси одговорноста за избегнување на прекршување на правата на интелектуална сопстеност на трети страни во земјата за која е наменета робата. Ние ќе го информираме клиентот за сите правата што ние се познати. Купувачот мора да не ослободи од жалби од трети страни и да ја плати евентуалната штета што би можела да биде претрпена понатаму. Доколку сме спречени од трета страна да произведуваме или испорачуваме стока зради права за интелектуална сопственост потврдени од негова страна, ние имаме право - без проверување на правната состојба – да ја прекинеме работата се до правно објаснување од страна на Купувачот и третата страна. Ние имаме право да го раскинеме договорот доколку задоцнувањето е од таква природа да ние не можеме да го почитуваме договорот од разбирливи причини.

7. Купувачот е должен да се осигурa дека стоката не ги прекршува правата за интелектуална сопственост на трети страни. Нашата обврска е целосно исклучена до границите прифатени според закон.

IX. Одговорност

1. Ние сме одговорни за штети, освен за испорачана роба- врз било која правна основа, само во случаи на
- намерни дејства- голема небрежност,- повреди по животот, телото, здравјето предизвикани од грешки на РЕХАУ - неисправност која била намерно скриена или било гарантирано од наша страна дека таа не постои.- одговорност за производи како задолжителна законска обврска 2. Во сите останати случаи нашата обврска според закон или друго е исклучена до граници што се законски дозволени.

X. Временско ограничувањеСите права на купувачите за доставување на жалби – од било која правна причина – престануваат да важат по 12 месеци, освен во случаи кога законот предвидува подолго задолжително временско ограничување.

XI.Толеранција

1. Освен ако не е поинаку определено со ДИН стандардите , спецификациите за производи и други стандарди (пр. Спецификација за технички испораки), цевна инсталација и профили, со исклучок на производите направени од пенест материјал, дозволени се следниве толеранции:

  • за профилите, ако се мерливи:
    ширина, висина и дијаметар, ДИН 16941-3А,многу грубо;
  • за издвоена цевна инсталација/ посебни димензии:
    главно во согласност со ДИН 40621 ”издвоена цевна инсталација Б ( без текстилно вметнување) „:
    внатрешен дијаметар 5%
    дебелина на ѕидот 10%
  • за други цевни инсталации:
    внатрешен дијаметар до 5мм +0.1/-0.2 мм
    горе 5 до 8 мм +0.2/-0.3 мм
    горе 8 мм +2.5%/-3%
    дебелина на ѕидот до 0,7 мм +0.1/-0.1 мм
    горе 0,7 до 1,5 мм +0.15/-0.15 мм
    горе 1,5 мм 10%
  • Должина на производи ( вклучувајќи силикон) ќе биде предмет на линеарна толеранција, измерена на собна температура веднаш по производството. Профили и цевна инсталација: во согласност со ДИН 16941-3А котури и навои 2%
  • За цевна инсталација и профили направени од силикон толеранција за форми се применува во согласност со ДИН 7715 Е3

2. Праг А на цврстина на податоци се предмет на ниво на толеранција од ±3 за термопластика и ±5 за еластомери. Нормални трговски разлики во квалитет, тежина и боја во никој случај не треба да претставуваат причина за одбивање на пратката. Илустрациите, димензиите и тежината наведени во нашите листи, спецификациите за технички испораки, спецификациите за производи, понуди на цени и потврди на налози се дадени како приближни податоци. Разликите во димензиите, тежина, броеви на единици и квалитет се дозволиви во обем на нормална трговска толеранција или во согласност со релевантните стандарди. Не се претпоставуваат гаранции за усогласеност.

XII. Автроско право и права за интелектуална сопственост, направи и алатки

1. Ние ги задржуваме сите права на сопственост и авторски права за цртежи, мостри и слични информации. Тие не може да им станат достапни на трети страни без претходна согласност од наша страна.

2. Ние, според сите околности, имаме ексклузивно право на производство за оние артикли во однос на дизајн, цртежи и алатки кои се произведени од нас. Освен доколку не е јасно одобрено, не е можно да се пренесуваат или да се умножуваат овие документи и алатки и не е дозволено да се користи или открива содржината на таквите документи. Прекршувањето на ова предизвикува барање за штета. Ние ги задржуваме сите права во случај на доделување на патент и за регистрирање на дизајн. Направи, теркови и други средства остануваат во наша сопственост, исто така и во случаи кога на Купувачот му се фактурирани трошоците и издатоците за тоа.

3.Кога ги изработуваме или набавуваме моделите, направите, формите, алатките или уредите за оформување на име на Купувачот, ние одделно ќе го фактурираме делот од вклучените трошоци. Со оглед на тоа што овие делумни трошоци не ги покриваат издатоците што произлегуваат од дизајнирање, конструирање, изработка, Know-How и оддржување, таквите направи, форми,алатките и други помошни уреди остануваат наша сопственост. Истото се применува на модели за модифицирање или замена и обработка на дополнителни направи.Трошоците за обработка, направи итн. се плаќаат, плус данок на додадена вредност, по прием на фактурата. Ние имаме обврска да ги задржиме таквите артикли во период од 3 години од денот на последната испорака.

XIII. Право и други прашања

1. Сите заеднички жалби и обврски што произлегуваат од и се однесуваат на сегашните услови и договори за продажба склучени од договорните страни, вклучувајќи и спорови без оглед на местото на плаќање, се доставуваат до судовите во Скопје.

2.Доколку договорната страна го суспендира плаќањето или доколку е поднесено барање за постапка за инсолвентност наспроти неговите средства или за постапка за постигнување компромис надвор од судот, РЕХАУ има право да се повлече од договорот за делот што не е исполнет.

3. Се применуваат законите на Република Македонија. Конвенцијата на Обединетите нации од 11.4.1980 за договори за меѓународна продажба на стока се исклучуваат.

Кутија со алатки

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

РЕХАУ во Ваша близина

Понуди за...

Пронаоѓач на производ