Модуларен концепт за батерија на РЕХАУ дава можност за поголем потенцијал

12.02.2012, Гунтрамсдорф

Со цел да донесе на пазарот економичен електричен автомобил со модуларен начин на вградување во рок од две години кој ќе биде подготвен да оди во производство и секојдневно ќе се користи, Стритскутер ДОО истражувачка и развојна алијанса на водечки германски индустриски партнери, тргнува во нов правец. Сензационален не е само револуционерниот концепт за проектот, кој неодамна за првпат беше претставен во Ахен, туку и know how за развојот, кое се крие позади поединечните системски компоненти. За централното делче, модулот на батерија, експертот за полимери РЕХАУ, покрај Кирххоф, Дрекслмајер и Тисен-Круп како еден од 30тината партнери ја докажува својата компетентност.

Меѓународно активниот преработувач на полимери одговара за развој и функционалност на модуларниот концепт на батерија, којшто, составен од куќиште и литиум-јонски ќелии, точно треба да се вклопи во возилото според принцип на модуларен дизајн. Притоа на располагање стојат три верзии – во зависност од потребата за далечина од 40, 80 и 120 километри.

Централно делче на батерија:Функционално куќиште за батерии од РЕХАУ. Прототип куќиште базирано на полимери

Очигледни предности наспрема метал
Само куќиштето за батеријата претставуваше голем предизвик за техничарите и инжинерите на РЕХАУ. “Позади нас стојат две години работа на развој, дизајн и симулација” вели Андреас Лофлер, менаџер на проектот за СтритСкутер при РЕХАУ. “Денес развивме целосно функционално и интегративно куќиште за батерија”. Прототип куќиште засновано на полимери кое може да понуди очигледни предности над куќиштето од метал: Ги исполнува највисоките стандарди за стабилност и цврстина и издржува големи оптоварувања. Во споредба со металното куќиште, куќиштето развиено од РЕХАУ е за 30% полесно. Намалена тежина, која е предност за секој автомобилот и која значително го зголемува потенцијалот за далечина. Друга предност е изолирачкото дејство на куќиштето. Полимерната обвивка ги штити литиум-јонските ќелии кои се осетливи на температури и ја држи батеријата во „режим на пријатно чувство“ на температура од околу 20°C. Згора на тоа, структурниот елемент е отпорен на корозија и може да се рециклира.

Докажан партнер

Со куќиштето за батерии Стрит Скутер со фирмата ОМТ доби искусен и докажан партнеркој располага со огромно искуство во областа специјална примена на ќелиите за батерии. Оплеменувачот на површини од Лубек испорачува ќелии за батерии и електронски платинки

Во Ахен презентираше Никлас Браун, претседател на раководството РЕХАУ Автомотиви и Андреас Лофлер, проект менаџер на Стрит Скутер

Истражување и развој
Вклопувањето и функционалноста на целиот систем на батеријата кај СтритСкутер е обврска на РЕХАУ. Фирмата со овој проект ја преминува досегашната главна дејност како партнер за развој и системски доставувач за познати производители на автомобили. “Следиме еден јасно изразен пристап за истражување и развој кој нам и на нашите муштерии, гледано средно и краткорочно, ќе ни донесе предности”. Во тоа е убеден Никлас Браун претседник на раководството на РЕХАУ за автомобилска индустрија: “Електричната мобилност за нас веќе одамна не е визија. Ние сме дел од различни проекти кои се движат во овој, гледано од наша страна, вистински правец. “РЕХАУ во полето истражување и развој интензивно се занимава со предизвиците и шансите во ова поле. “Главниот фокус”, според Браун “лежи во развојот на нови категории на производи во областите термоменаџмент, полимерна висококвалитетна лесна градба и комплексната тема електромобилност.

Во делот на одговорност за концептот за батерии во рамките на Стрит Скутер  проектот, фирмата се препорачува како развојна фирма за комплетен систем на решенија за иднината. „Овој Know-how го форсираме со сите консеквенци“, рече Никлас Браун. „И понатаму сме компетентен и сигурен партнер и испорачател на системски решенија - за енергетска ефикасност и мобилити.“