Отварање на продажно биро Виена

Отварање на реновираното седиште на РЕХАУ Гунтрамсдорф

14.01.2012, Guntramsdorf

На 15 септември 2011год. по едногодишно реновирање, свечено се отвори РЕХАУ седиштето Гунтрамсдорф, главното седиште на Југоисточна Европа, надлежно за продажба градежништво Австрија како и на меѓународната академија. Според стандардот за нискоенергетска куќа овде се изгради пример објект во кој се примени целото РЕХАУ портфолио на производи за полимерни решенија.

Eröffnung Verkaufsbüro Wien
v. l.: Pfarrer Dr. Josef Wilk; CEO Mag. Rafael Daum, REHAU Region SE; Vzbgm. Robert Weber, MSc.; Bgm. Karl Sonnweber; LR Dr. Petra Bohuslav; Jörg Neukirchner, Mitglied REHAU GEB und Leiter SGF BAU; Jobst Wagner, Präsident REHAU SB; LAbg. Bgm. Hans Stefan Hintner und Bez. HptM. Dr. Philipp Enzinger

Покрај многубројните гости од енергетски ефикасната санација во која беа инвестира над 2 милиони евра беа воодушевени и говорничката д-р Петра Бохуслав, локалната министерка за економија, туризам и спорт која го застапуваше гувернерот Д-р. Ервин Прол, Карл Сонвебер, градоначалникот на општината Гунтрамсдорф, Јобст Вагнер, претседател на РЕХАУ Supervisory Board, Јорг Нојкирхнер, член на Group Executive Board и менаџер на стратегиското бизнис поле ГРАДЕЖНИШТВО, маг. Рафаел Даум, Извршен директор на РЕХАУ за регионот Југоисточна Европа ,CEO, и свештеникот Д-р Јозеф Вилк од црквата Гунтрамсдорф –Свети Јаков, кој го даде својот благослов.   

Енергетска ефикасност на највисоко ниво

Во реновираното седиште на РЕХАУ беа поставени нови стандарди во поглед на архитектура, енергетска ефикасност, собна температура, акустика, функционалност и внатрешно уредување и пред се врз РЕХАУ сопствените иновативни системи и решенија: 58 прозорци како и една подигачко лизгачка врата од ГЕНЕО профили, 14  PE-Xa геосонди, три топлински пумпи земја-вода, 1.500 m² површинско греење, антимикробен топлински изменувач воздух-земја АВАДУКТ термо, 1.250 m² акустично разладни тавани, 200 m² РАУВОЛЕТ ролетни за ормари акустик лајн и 150 m² РЕЛАЦО тераса се грижат за соодветнo пријатна температура и оптимални услови. Уредувањето на градината и иновативниот концепт на канцеларии заедно со рецепцијата со просторија за семинари и кујна нудат функционална, пријатна и мотивирачка работна средина. А, новата State of The Art деловна зграда архитектонски ќе ја отсликува и претставува свеста на РЕХАУ за животната средина.

Отварање на продажното биро Виена
Реновираната зграда поставува нови стандарди во однос на архитектура, енергетска ефикасност,акустика,функционалност и внатрешно уредување

Реновирање наместо новоградба

Како резултат на добрата структура на градбата се одлучивме за реновирање наместо новоградба. РАФАЕЛ ДАУМ, Извршен директор на РЕХАУ за регионот Југоисточна Европа за ова вели: „Ние се одлучивме за патот, кој задржува дел од историјата на РЕХАУ, а истовремено нуди модерен и енергетски ефикасен амбиент, токму за санација на стариот дел на нашата локација. Со тоа е можна современа распределба на просторот која на луѓето кои работат овде им нуди комуникативна и мотивирачка атмосфера. Покрај искористувањето на обновливите извори на енергија пред се беше важна и изолацијата на сега веќе новата зграда за зачувување на енергијата.Како понудувач на решенија сакавме да се претставиме со добар пример и да покажеме што се е можно – вели Даум.

Пред се локалната министерка д-р Петра Бохуслав изрази честитки за “успешната домашна игра со сопствена техника” и ја посочи РЕХАУ локацијата како типичен пример во областа санација и енергетска ефикасност како нешто што многу добро се вклопува во енергетската стратегија на покраината Долна Австрија. И градоначалникот Карл Сонвебер се радува “овде да има ваков пример проект за општината и регионот Гунтрамсдорф”. Уште на почетокот на годината општината Гунтрамсдорф во однос на ова го награди РЕХАУ како пример за претпријатие кое се грижи за животната средина. Јобст Вагнер како и Јорг Нојкирхнер говореа за “проект светилник со кој РЕХАУ ќе му покаже на светот што се е можно со современата енергетска техника”.

Во Октомври е планиран појадок со печатот со тура низ локацијата. За таа цел наскоро ќе бидат испратени покани.

РЕХАУ групацијата

Како врвна марка за решенија кои се базираат на полимери РЕХАУ е лидер во областите градба, автомобилска индустрија (мотиви за автомобили) и индустрија на меѓународно ниво. Со иновативан сила, присутност во повеќе области и од тоа произлезената синергија, нашето фамилирјарно претпријатие е единствено во индустријата со вештачки материјали. Нашите главни компетенци се развивање на материјали и ситеми и техника за површини. Со своите  15.000 вработени на преку 170 локации ширум светот РЕХАУ завзема значајно место како поттикнувач на иновации.

Во Австрија РЕХАУ е присутен од 1956 година. Веќе скоро 15 години, од таму се раководи со регионот Југоисточна Европа, кој брои 1.450 вработени на 24 локации во 19 земји.