Централна управа
Управната централа на групацијата РЕХАУ, се наоѓа во швајцарскиот град Мури, и воедно е седиште за стопанисување на материјалите и како и логистика. Ова самостојно стопанско друштво, низ целиот свет, централно купува сурувини за РЕХАУ, како и машини и уреди и го организира транспортот и логистиката. Притоа главен приоритет имаат економичноста, квалитетот, сервисот, способноста за испорака како и доследноста.
Мрежа на набавка
Мрежата на добавувачи на РЕХАУ низ целиот свет е одговорна да ги набавува потребните материјали. Обемот на набавка опфаќа: суровини и делови кои се купуваат, машини и постројки, алати, транспортни услуги, помошни материјали и материјали за работа, IT- мрежа, опрема, како и канцелариски потреби итн.
... повеќе за оваа тема ќе дознаете овде
Политика на набавка
Политиката за набавка на РЕХАУ е раководена од целите на фирмата. При тоа е задоволството на муштеријата е на прво место. Успехот на производите е тесно поврзан со нивниот квалитет и стои во непосредна поврзаност со целта, да се задоволат се поголемите барања на муштеријата.
Политика на квалитет
Квалитетот претставува основа за успехот и задоволството на нашите муштерии. Во сите седишта на РЕХАУ низ целиот свет се работи според важечките основи и правила за квалитет.
Менаџмент на добавувачи
Јадрото на менаџментот на добавувачи е консеквентен менаџмент на материјални групи. За секоја материјална група е утврден Lead Buyer (купувач) и Leеd Engineеr (техника)