Поврзување на радијатори

Универзален

РАУТИТАН : Универзален систем за вода за пиење и поврзување на грејни тела.

Како целосен и варијабилен систем, РАУТИТАН  е првиот избор за современи инсталации.

Инсталација за вода за пиење:

Безусловна хигиена, долгорочна сигурност и едноставна монтажа: РАУТИТАН  системот е водечки кај инсталациите за вода за пиење во светот.

Радијаторски приклучок:

РАУТИТАН  нуди решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на радијатори од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Флексибилни и стабилни цевки кои не ја менуваат формата со голем степен на безбедност:

Универзалната цевка РАУТИТАН  флекс нуди оптимална флексибилност - дури и при ниски температури. Ако за инсталацијата е потребна цевка, стабилна при свиткување ,тогаш се користи РАУТИТАН  стабил – робусна метално-полимерна композитна цевка. Предизолираните цевки овозможуваат економично поставување.

Дали знаевте?

Материјал со највисоки перформанси:

Пекс А (PE-Xa) цевки за долговечност, отпорност на корозија

100% топлинска изолација според EnEV:

Со предизолираните цевки се постигнува пократко време на монтажа за димензии од 16 до 25 mm.

Едноставна

РАУТИТАН : Техника на спојување со подвижна навлака – оригинал.

Безбедност без компромиси:

РАУТИТАН  со цевката, фитинзите и подвижната навлака постигнува трајна врска. И тоа без О-прстени. Самата цевка претставува заптивка и инсталацијата е веднаш отпорна на притисок. Робусните материјали дозволуваат обработка на температури до -10°C.

1. Проширете го крајот на цевката
2. Поставете го фитингот
3. Навлечете ја подвижната навлака

Трајна непропустливост само во 3 чекори:

Нема потреба од депрецирање и калибрирање на цевките. Професионалните алатки на  РАУТУЛ серијата дополнително ја поедноставуваат инсталацијата. Дури и пред испитувањето на притисокот, со едноставна визуелна инспекција може да се потврди професионално направената врска.

Сигурност во бројки:

Системот на цевки и техниката на поврзување се користат 30 години во повеќе од 50 земји. Притоа, до денес се произведени над 650 милиони подвижни навлаки .

флексибилен

РАУТИТАН : Индивидуални варијанти за радијаторско поврзување.

РАУТИТАН  нуди соодветни решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на радијатори од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Мислевме на сè:

Нашиот асортиман на цевки, фитинзи и додатоци овозможуваат имплементација на различни варијанти на вградување. Разделниците за греење кои служат за распределување и собирање на приклучните водови за грејните тела  ја комплетираат палетата на производи.


Приклучок преку под:

Висококвалитетниот изглед на фитинзите од нерѓосувачки челик, како и опцијата за лакирање на спојните делови , се вклопуваат совршено во амбиентот.



Приклучок од ѕид:

Приклучоците исчезнуваат во ѕидот и овозможуваат подот да остане целосно лесен за чистење.



Приклучок од подна лајсна:

Решението за санирање РАУДУО се карактеризира со оптимално усогласена програма на канали и додатни делови. Инсталацијата е едноставна и чиста, дури и во населени простории.

Дали знаевте?

100% топлинска изолација според EnEV:

РАУТИТАН  радијаторскиот приклучен блок за едноставно и енергетско-ефикасно поврзување преку ѕидот.

РАУДУО - решение 2 во 1:

Две термички изолирани комори овозможуваат паралелно поставување водови за греење и електрични водови.

Видеа

Видео РАУТИТАН : Системот

Видео Техника на поврзување подвижни навлаки со РАУТИТАН

Видео Презентација на производот Радијаторски приклучен блок

Видео РЕХАУ Производи за инсталации за вода за пиење и греење: Иновативен, траен, безбеден.

Печати