РАУТЕРМ СПИД со Такер-плоча

Вистинска класика за проектирање

Докажан систем за големи работи со оптимален трошок

РАУТЕРМ СПИД  со Такер-плоча – економски ефикасен за поголеми површини. Цевката РАУТЕРМ СПИД  во комбинација со подлогата со шелни (прицврстувачи) гради флексибилен систем за полегнување за економични инсталации на големи површини. Висококвалитетните Такер-плочи ги обединуваат звучната и топлинската изолација како и фиксирањето на цевката во една компонента. Со алатот за прицврстување, кој е оптимизиран за потребите на градилиштето, се обезбедува брзо поставување.

Предности

предности

професионален алат

30%

полесно свитлива

безбедна

изведба


оди како подмачкано:
Особено јаките прицврстувачи (шелни) во комбинација со апаратот за прицврстување обезбедуваат професионален квалитет и најдобра обработливост. Нема веќе заглавени или скршени прицврстувачи (шелни).


Новата слоевита структура го прави тоа пофлексибилно::
Цевките РАУТЕРМ СПИД  се до 30% пофлексибилни од конвенционалните цевки за подно греење – без да се влоши квалитетот. На тој начин поставувањето е побрзо.


Останува на подот:
Поставените цевки се фиксираат цврсто за подлогата со посебни прицврстувачи (шелни). Многу добриот отпор до 8 kg вертикална сила е резултат на специјалната комбинација на прицврстувачи (шелни) и Такер-подлогата.

Видео

РАУТАК 10

Многустран систем за полегнување на цевките.
Екстремно рамен. Апсолутно безбеден. Сосема едноставен.

Многустраниот систем е идеален за реновирање благодарение на ниската монтажна висина. Во новите градби, РАУТАК 10 едноставно се поставува на веќе постоечката изолација. Ова значи целосно разграничување на градежните работи: оној кој го поставува порамнувачкиот естрих обезбедува обична и звучна изолација, а инсталатерот само го поставува РАУТАК 10.

Подлогата за полегнување на цевката може да се постави врз изолација од минерална волна со подобрен коефициент на звучна изолација  до 34 dB, како и врз конвенционална изолација EPS или PUR. При реновирање, самолепливата подлога може да се постави директно на цврсти, носечки и чисти подови.

Видео за поставување РАУТАК 10

Печати