Инсталација за вода за пиење

Сигурна инсталација.

РАУТИТАН : Универзален систем за вода за пиење и греење.

Како целосен и варијабилен систем, РАУТИТАН  е првиот избор за современи инсталации.

Инсталација за вода за пиење:

Безусловна хигиена, долгорочна сигурност и едноставна монтажа: РАУТИТАН  системот е водечки кај инсталациите за вода за пиење во светот.

Радијаторски приклучок:

РАУТИТАН  нуди решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на радијатори од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Флексибилни и стабилни цевки кои не ја менуваат формата со голем степен на безбедност:

Универзалната цевка РАУТИТАН  флекс нуди оптимална флексибилност - дури и при ниски температури. Ако за инсталацијата е потребна цевка која е стабилна при свиткување, тогаш се користи РАУТИТАН  стабил – робусна метално-полимерна композитна цевка. Предизолираните цевки обезбедуваат уште поекономично поставување.

Дали знаевте?

Материјал со највисоки перформанси:

Пекс А (PE-Xa) цевки за долговечност, отпорност на корозија

100% топлинска изолација според EnEV:

Со предизолираните цевки се постигнува пократко време на монтажа за димензии од 16 до 25 mm.

Едноставна инсталација.

РАУТИТАН : Техника на спојување со подвижна навлака – оргинал.

Безбедност без компромиси:

РАУТИТАН  со цевката, фитинзите и подвижната навлака постигнува трајна врска. И тоа без О-прстени. Самата цевка претставува заптивка, инсталацијата е веднаш е отпорна на притисок. Робусните материјали дозволуваат обработка на температури до -10°C.

1. Проширете го крајот на цевката
2. Поставете го фитингот
3. Навлечете ја подвижната навлака

Трајна непропустливост само во 3 чекори:

Нема потреба од депрецирање и калибрирање на цевките. Професионалните алати на РАУТУЛ серијата дополнително ја поедноставуваат инсталацијата. Дури и пред испитувањето на притисокот, со едноставна визуелна инспекција може да се потврди професионално направената врска.

Сигурност во бројки:

Системот на цевки и техниката на поврзување се користат 30 години во повеќе од 50 земји. Притоа, до денес се произведени над 700 милиони подвижни навлаки.

Современа инсталација.

РАУТИТАН : Техника за инсталација вода за пиење со високо ниво на хигиена

РАУТИТАН  ги нуди сите предуслови за хигиенска инсталација за вода за пиење.

Последните неколку метри се критични:

Безбедна, висококвалитетна вода е нашиот најважен ресурс. Квалитетот не смее да биде нарушен поради погрешни инсталации во зградите. Затоа, обезбедувањето на квалитетот на водата до последната точка бара најголема грижа - од планирање до спроведување во согласност со хигиенските стандарди.

Поглед кон иднината:

Откако ќе се инсталира, цевките исчезнуваат во ѕидовите и во под, така што стануваат невидливи. Ова е причината зошто е важно да размислите пред да изберете систем на цевки. РАУТИТАН  е импресивно долготраен и ги задоволува  стандардите за хигиена на иднината.

Време за нов вид инсталација:

РАУТИТАН  е оптимално дизајниран за интелигентно водење на цевки, особено за проодните точки и кружните инсталации. Доколку поединечните точки на течење или дури и целите цевки не се користат привремено или долгорочно, водата продолжува да тече за ефикасно спречување на микробна контаминација, како што е бактеријата легионела.

Технологија која обезбедува хигиена на водата за пиење:

Мазните површини на РАУТИТАН  спречуваат собирање на талог во цевката. Внатрешните контури на приклучоците се хидраулички оптимизирани со многу мала загуба на притисок. Сите искористени материјали се предмет на строги инспекции и се сертифицирани за употреба со вода за пиење.

Дали знаевте?

До 50% поголем внатрешен дијаметар:

Во споредба со другите технологии за спојување, РАУТИТАН  овозможува речиси непречен проток дури и на спојните места. Стеснувањата во инсталацијата се доведени до минимум со технологијата на експанзија.

Без микроби. Одобрена од институтот Фраунхофер:

Високата заптивност на фитинзите ефикасно го спречува микробното загадување. РАУТИТАН  е сертифициран без мртов простор во местата на поврзување.

Флексибилна инсталација.

РАУТИТАН : Индивидуални варијанти за поврзување на грејни тела.

РАУТИТАН  нуди соодветни решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на грејни тела од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Се мислело на сè:

Нашиот асортиман на цевки, фитинзи и додатоци овозможуваат различни варијанти на вградување. Разделниците за распределување и собирање на приклучни водови ја комплетираат палетата на производи.

Приклучок од под:

Висококвалитетниот изглед на фитинзите од нерѓосувачки челик, како и опцијата за лакирање на спојните парчиња одделно, се вклопуваат совршено во околината.

Приклучок од ѕид:

Приклучоците исчезнуваат во ѕидот и овозможуваат лесно чистење на подот.

Приклучок од подна лајсна:

Решението за реновирање РАУДУО се карактеризира со оптимално програма на канали, капаци и додатни делови. Инсталацијата е едноставна и чиста, дури и во населени простории.

Дали знаевте?

100% изолација на топлина според EnEV:

РАУТИТАН  радијаторски приклучен блок за едноставно и енергетско-ефикасно поврзување од ѕидот.

РАУДУО - решение 2 во 1:

Две термички изолирани комори овозможуваат паралелно поставување водови за греење и електрични водови.

Удобна инсталација.

РАУТУЛ: Алат за секоја ситуација.

РАУТУЛ го комплетира РАУТИТАН . Модуларниот концепт нуди вистинска алатка за секое барање.

Инсталација во батериски режим на работа.

РАУТУЛ алатот батерии од новата генерација гарантира долготрајна употреба и кратко време на полнење.

Нема потреба од струјно напојување: Рачен алат

РАУТУЛ алатот се независни, не треба одржување и е издржлив во тешки услови на градилиште. 

Quick Change®:

Со брзото менување на експандерот со патентиран систем, се намалува времето за прицврстување и отстранување на експандерите. Спротивно на тоа, кај вообичаените фитинзи со навој се потребни четири вртења.

РАУТУЛ A-лајт2 комби:

Со само еден алат и вртење на комбинираниот експандер и единицата за лизгање во насоката на работа. Потребниот  алат е секогаш при рака. Проширување, префрлање, лизгање - без реконструкција.

Дали знаевте:

Многустрана примена на алатот:

Ниеден друг производител не нуди таков широк спектар на алати.

3 димензии, 1 алат:

Трикратниот систем за компресија придонесува за брзо и лесно приспособување на димензиите. За различните димензии 16, 20 и 25 е потребен само еден алат. Доволно е едно вртење.

Видеа

Видео за РАУТИТАН : Системот

Програма држачи: Брза монтажа на ѕиден држач

Видео за РАУТИТАН : Сигурно поврзан без мртов простор

Видео за Техника на поврзување со подвижни навлаки

Видео за РАУТИТАН  и новата регулатива за вода за пиење

Видео за РАУТИТАН  Презентација за хигиена на водата за пиење

Видео за Презентација на производот приклучен блок за грејни тела

Видео за РЕХАУ Производи за инсталации за вода за пиење и греење: иновативни, издржливи, безбедни.

Печати