Третман на атмосферска вода

Дождовницата која се слива од цврсти површини, е најчесто загадена со штетни материи. Во зависност од положбата и намената на површините кои образуваат истек, ова загадување може да е толку големо што директно инфилтрирање ќе наштети на подземните води и на почвата. Бидејќи при инфилтрирање е неопходно да се внимава на заштита на почва и на водите, третирање на водата станува неизбежно. РЕХАУ разви системи кои овозможуваат ефективно третирање на толерирана и нетолерирана загадена атмосферска вода.

Хемиски-физичко третирање
Системот за хемиско-физички третман РАУСИКО Хидроклин овозможува подземен подготвителен третман на атмосферска вода според најнова техника. Хидроклин функционира на повеќестепен систем на филтри, кои покрај сврзување на штетните материи ја гарантираат и нивната изолација а со тоа и дефинитивно задржување. Филтерската шахта РАУСИКО Хидроклин HT ги исполнува високите барања и тестирања во процесот на одобрување од страна на германскиот институт за градежна техника Берлин и ја доби дозволата DIBt.

Механичко третирање
Природното пречистување на атмосферската вода преку јамско филтрирање неможе да се реализира во урбана градска средина заради потребата од поголема површина и простор. Подземните РЕХАУ системи за седиментација го овозможуваат потребното третирање при недостаток на простор бидејќи можат да се монтираат под сообраќајници. Со принципот на седиментација, од водата може да се исфилтрираат сврзаните штетни материи во честичките. Системот нуди висок повратен волумен на заддршка за лесни течности, на пр.во случај на хаварија
.

Печати