Искористување на атмосферска вода

Водата е живот, раст и напредок. Резервите на водата за пиење на планетава се ограничени. Атмосферска вода може да помогне во замена на драгоцената вода за пиење, а со тоа и штедење на резервите. Насекаде во средна Европа паѓа доволно дожд. Ако оваа дождовна вода централно се собира во еден резервоар и со пумпа се доведува во куќа од каде ќе се распределува, на располагање ќе има бесплатна атмосферска вода за користење во тоалет и машина за перење наместо питката вода. Прелевањето може да се приклучи на РЕХАУсистем за инфилтрирање, со што неискористената атмосферска вода се води директно кон подземните води. Системите РАУРЕИН за наводнување на градини или за користење на атмосферска вода во домаќинство, ги исполнуваат сите услови и барања на DIN 1989.

Користење на атмосферска вода за наводнување на градина
Со системот РАУРЕИН I за наводнување на градина може едноставно и брзо еден цел систем за користење на атмосферска вода да се реализира за наводнување на градина. Системот ги содржи сите потребни компоненти: подземен резервоар од полиетилен со вклучен капак и корпа за филтер како и сет за градина, се состои од пумпа, потисен вод и приклучна кутија. Бидејќи нема потреба од изведување инсталациски работи во куќата, ваков систем лесно може да се вгради во постоечките куќи.

Користење на атмосферска вода во домаќинство и градина
Максималниот ефект на заштеда на питката вода се покажува тогаш кога атмосферската вода не се користи само за наводнување на градината, туку се користи и во домаќинството за во тоалет, за чистење или по желба и за перење веш. Покрај подземниот резервоар, системот РАУРЕИН II дополнително содржи филтер на волумен, компактна единица и вшмукувачко црево со пловак.

Печати