РАУСИКО Голема цевка

Опис

РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода
РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода

РАУСИКО голема цевка за филтрирање, задржување и складирање на атмосферска вода

Системите за стопанисување со атмосферска вода можат денес да превземаат најразлични функции и заради тоа нивната изведба е побогата со повеќе варијанти. Така покрај одводните ровови за инфилтрирање на дождовница, видливи се дополнителни системи за задржување со намалена дисипација како и системи за користење на атмосферска вода. Големи цевки со голем обем на складиштење даваат повеќекратни можности во издупчена и неиздупчена варијанта, за да ги исполнуваат практичните барања на задоволство на сите учесници.

Карактеристики:

  • Цевки од полиетилен до DN ID 1000
  • Цевки според DIN 16961, ред 5, ID-ред
  • Боја : однадвор црна / внатрешно виолетова
  • Крутост на прстен SN 8
  • 6 m изведбена должина со заварена спојка и заптивен прстен
  • Издржливост со SLW 60 при покривка ≥ 0,8 m и монтажна длабочина ≤ 4,0 m*

*под следниве услови: ширина на ископ според ÖNORM EN 1610, без подземна вода, услови на корито и прекривање A4/B4, тло E1/E2=G1/Dpr=97%, E3/E4=G3/Dpr=95%, пресметка според ATV-DVWK работен лист A127. Отстапувачки услови за монтирање се можни во консултација со нашиот стручен технички оддел.

Предности

РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода
РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода

Предности

  • Користење на робусни големи цевки кои се докажале на многу проекти низ Европа.
  • Голем волумен.
  • Испорачување во издупчена изведба со тројно степенувана слика на отвори за оптимална функција на цевки за инфилтрирање.
  • Целосен систем со сите неопходни компоненти за цевни ровови и корита.
  • Едноставен софтвер за брзо и сигурно мерење на постројката според DWA-работен лист A138, DWA-работен лист A117 како и DWA упатство M153 (Download во делот сервис).

Испорака

РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода
РАУСИКО голема цевка за дренажа, задржување и складирање на дождовна вода

Испорака

Системски компоненти:

  • РАУСИКО големи цевки
  • РАУСИКО Box
  • РАУСИКО цевки за ров на корито и цевни ровови
  • Програма на профили
  • Шахти и филтри
  • Геотекстили, на пр.сепаратор и филтерски слив

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати