У-лајнер од ПЕ-ХД

Опис

Опис

Со марката У-лајнер РЕХАУ го испорачува во пракса проверениот Close-Fit-лајнер за санирање без ровен ископ на водови под притисок за питка вода и одвод како и за канализации. По положувањето лајнерите лежат во стариот вод без значително раздвоен прстен и како нови цевки сами ги исполнуваат барањата за статика и оперативен притисок до макс. 10 bar. Кај поголеми потреби у-лајнерот ја превзема заштитата на водот од внатрешна корозија и создавање каменец. Лајнерите се внесуваат во постоечкиот вод низ шахти или мали јами и се загреваат по дефиниција за да се прилагодат на стариот вод со close-fit.

Со новиот У-лајнер AC имаме сега можност за поврзување на куќните приклучоци без ровен ископ, економично и сигурно. Внатрешниот леплив слој овозможува користење на вообичаена техника на манжетна и пресување, така што комплицираните, скапи и несигурни решенија за заварување со робот припаѓаат на минатото.

Предности

Предности

У-Лајнер е убедлив заради следниве карактеристики:

  • Квалитет на нови цевки со очекувана трајност од најмалку 50 години
  • Значителен потенцијал на заштеда на трошоци до 30% наспроти отворено положување зависно од условите на монтажа
  • Масивна изведба со полн ѕид од ПЕ-ХД гарантира сигурно долготрајно однесување
  • Фабрично произведен и проверен квалитет
  • Содржи хидрауличен капацитет на моќност
  • Заштита на дрвореди, сообраќајни површини и историски објекти
  • Минимално отежнување на сообраќај и попречување со најмали градилишта

Дополнителни предности на У-Лајнер AC:

  • У-Лајнер од ПE со леплив внатрешен слој
  • Користење на вообичаена техника на манжетна и пресување а со тоа и секоја техника на лепење докажана во пракса
  • Заптивање според ÖNORM EN 1610 тестирано и докажано од IKT
  • Испирање под висок притисок според DIN 19523, процес 2, тестирано и докажано од IKT
  • DIBt-дозвола, под бр. Z-42.3-387

Можности на примена

Можности на примена

У-лајнерот од РЕХАУ се користи за санирање без ровен ископ за:

  • Водовод и одвод со оперативен притисок до макс. 10 bar
  • Одвод без притисок

Испорака

Испорака

  • У-Лајнер за цевки под притисок за питка вода и за отпадна вода од ПE-100 со опсег на димензии од DN 100 до DN 400
  • У-Лајнер за отворени водови со/без леплив внатрешен слој од ПE-80 со опсег на димензии од DN 150 до DN 400
  • Должини на испорачување зависно од димензии и барабан до 1130 m

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати