Подно греење за спортски подови

Удобно поставени спортски подни површини со помош на вградено подно греење

Од архитектите и проектантите сè повеќе се бараат темперирани подови во спортските сали поради спортско-медицинската, енергетската и архитектонската проникливост.

Подното греење се вметнува во подструктурата на спортскиот под. При греење на поголеми површини се создава пријатена внатрешна за спортистите.

  • Удобно темпиран под
  • Заштеда на енергија со голем учинок на зрачење на топлина
  • Не се крева многу прав
  • Ниско струење на воздухот
  • Без оштетување на конструкцијата на подот поради начинот на поставеност на цевките
  • Ниски трошоци за инвестирање

Предности

  • Одвојувањето на спортската подна конструкција и подното греење овозможуваат дополнително реновирање на подната конструкција без отстранување на подното греење
  • Брза и лесна монтажа со поставување со претходно перфорирана изолација и флексибилни РАУТЕРМ цевки
  • Поставувањето во форма на меандра обезбедува рамномерна температура во салата
  • Безбедни растојанија на поставување со РАУФИКС шината
  • Без оптоварување на покривната конструкција за време на инсталацијата, модернизација и реновирање, а со тоа и поголема слобода на планирање на градбата
  • Минимална акумулација на топлината под покривот, а со тоа и ниски загуби на топлина на покривот
  • Без температурни и зрачни полиња поради рамномерното распределување на температурата

Варијанти

Систем за подно греење за спортски подови со индустриски разделник

За употреба во еластични подови во спортски сали и индивидуално приспособување на перформансите. Поврзувањето на РАУТЕРМ С-цевката 20 x 2,0 mm или 25 x 2,0 mm со помош на индустриски разделник на РЕХАУ.

Систем за подно греење за спортски подови со разделник

Оптимизација на односите на притисок во системот со поврзување на РАУТЕРМ С-цевки 25 x 2.3 mm со помош на систем на разделник според принципот „Тихелман“. Индивидуално производство на системи на разделник во согласност со локалните услови и спецификации.

Печати