РАУТЕРМ СПИД подлога Варионова

Совршен во ефикасноста и безбедноста

Брзо и сигурно за високовалитетни станбени и деловни простори

РАУТЕРМ СПИД  со подна плоча варионова - решение со еден клик за подно греење и ладење! РАУТЕРМ С цевката, која се користи многу години е преработена и надградена со нова слоевита структура. Новодизајнираниот состав со нова површина нуди најдобри лизгачки својства за полесно натакнување . Исклучително цврстата слоевита градба со голема отпорност Пекс А (РЕ-Ха) се одликува со својата отпорност на притисок и непропустливост на кислород (според DIN EN ISO 15875 и DIN 4726 стандарди).

До 20 %

побрзо полегнување на цевките

Без алат

Доволно е еден човек за

безбедно за газење

робусни



оптимално лизгање:

Одличните лизгачки својства на новата површинска цевка и совршено ускладената геометрија меѓу цевката и подлогата обезбедуваат заштеда на енергија, пристап без проблем и до 20% побрзо поставување во споредба со конвенционалните цевки за подно греење.


Брзо и лесно:

Поставувањето и фиксирањето на цевката РАУТЕРМ СПИД  се изведува без алат. За монтерите тоа значи брза и особено поволна работа без тешкотии.


Голема безбедност при газење:

Цевката исчезнува целосно во подлогата со испакнатини. Добриот пристап за извршување на  последователните градежни работи обезбедува високо ниво на безбедност при газење. Цврстите испакнатини го спречуваат оштетувањето на цевката.

Оптимална примена во различни ситуации

Подната плоча Варионова овозможува сигурно прицврстување на цевките РАУТЕРМ СПИД . Системот овозможува поставување од страна на едно лице без алат. Дополнителни предности се чиста слика на поставување и намален ризик од сопнување. Цврстите испакнатини обезбедуваат одлична основа за газење. Ова е важно, особено во случај кога треба да се извршат  последователни градежни доработки.

Подната плоча Варионова со испактнатини  претставува висококвалитетен, докажан систем за полегнување кој е достапен со или без изолација. Мазната површина го олеснува поставувањето на цевките – со апсолутна безбедност во затегнувањето на цевката. Со изолацијата на долната страна се добива одлична звучна и топлинска изолација.

брзо поставување - безбедно за газење

Предности

  • идеален за поставување од страна на еден човек
  • апсолутна и сигурна затегнатост на цевките - исто така и во делови кадешто се врти цевката
  • многу добра пристапност на подлогата поради исклучително цврстите испакнатини
  • изолацискиот слој не зе продупчува
  • многу добра заштита од газење пред да се нанесе порамнувачкиот естрих
  • подлогите се поврзуваат едноставно , без сложени лепења на отворите.

Нова генерација на цевки

Со новата, пофлексибилна слоевита структура станува можно: РАУТЕРМ СПИД  цевката е до 30% пофлексибилна и посвитлива во споредба со конвенционалните цевки за подно греење, со што се олеснува инсталацијата. Комбинацијата на материјали е специјално дизајнирана за употреба за подно греење/ладење.

Докажаните предности, како што се процесирање (обработливост) до -10°C, отпорност на пукнатини и искористеноста на преостанатата должината со технологија на подвижни навлаки , се разбира, се присутни и кај РАУТЕРМ СПИД .

Video

Печати