Загревање & темперирање

Отстранување мраз и снег со природна топлина

На сообраќајни површини како што се улици, мостови, платформи или железнички свртници, најважно барање во зимскиот период е отстранувањето на снег и мраз. Овие барања можат потполно да се исполнуваат со користење на РЕХАУ системот за темперирање на отворени површини, кој се базира на геотермални природни извори.

Предности во зимскиот период:
-
се редуцира опасноста од незгоди
- зголемена безбедност од голомразица на лизгави површини
- нема трошоци и персонал за посолување и чистење снег
- отпаѓа користење сол односно значително се намалува
- со автоматско регулирање на постројката, нема потреба од постојан персонал

Предности во летниот период:
-
зголемена долготрајност на сообраќајните површини
- побрза регенерација на почвата преку апсорбираните сончеви зраци
- поддржано снабдување со енергија во постоечката инфраструктура
- се избегнува создавање бразди
- се намалува водно излизгување

Користењето на темперирање на отворени површини и обновливи извори на енергија води кон значително намалување на CO2-емисии и спречува загадување и оштетување на животната средина со прскана сол.

Критичните сообраќајни површини треба во зимскиот период да немаат мраз и снег за да се гарантира максимална безбедност. Тоа е можно со вградување цевни колектори кои се приклучуваат на обновливи извори на енергија. Медиумот носител на топлина циркулира во систем кој се состои од еден цевен колектор, циркулациона пумпа и геотермални сонди или други уреди за превземање на геотермална енергија. Во зимскиот период земјината топлина се транспортира на горната површина и ја одржува отворената површина без мраз и без снег. Доколку има потреба од дополнителна енергија, системот се поддржува со топлинска пумпа поврзана со геотермален извор на енергија. Во летниот период цевните колектори ја превземаат топлината од сообраќајните површини и ја предаваат во почвата со помош на геотермалните сонди. Дотокот на топлина води до побрзо регенерирање на прклучената почва. Со ладење на сообраќајните површини намалена е опасноста од создавање бразди и се потрајни.

Област на примена:
-
Платформи
- Мостови
- Паркиралишта
- Пристап до болница и противпожарна
- Платформите за товарање
- Тунел, влез и излез
- Пешачки зони
- Аеродром: паркинг место, како и писти за полетување и слетување
- Хелиодром

Печати