Прибор

Модуларен разделник

РАУГЕО КЛИК модуларен разделник: исклучително едноставен

Со новиот РАУГЕО КЛИК разделник, РЕХАУ нуди уникатно едноставно решение за приклучок на геотермални Соле системи. Разделникот РАУГЕО КЛИК го има на располагање и како  максимално флексибилен модуларен систем но и како фабрички монтиран. Со тоа може да се применува и користи за секаков геотермален систем и кај скоро секоја големина. А најдоброто е: со модуларниот клик-концепт се нуди максимална флексибилност за логистиката и на градилиште – и тоа скоро без алат!

Предности

  • до 40% помали трошоци за складирање
  • 100 % без алат
  • до 60 % побрза монтажа: бајонет систем
  • 100 % модуларна флексибилност

Програма на испорака

Модуларен систем

  • Три сета за монтажа на разделникот
  • Основен сет (задолжителен за секој разделник)
  • Продолжен сет за зголемување на разделникот за секој Соле систем
  • Конектор сет за приклучок на Соле системи
  • Намалено складирање овозможува максимална флексибилност за секоја задача на градежниот објект
  • Секоја посакувана варијанта на разделник самостојно се монтира во најкусо време

Предмонтиран разделник

Разделникот РАУГЕО КЛИК го има и како целосно фабрички монтиран со тестиран притисок во верзии со од 2 до 12 приклучоци.

Прибор
Комплетот се состои од приклучен сет за поврзување со PE- и PE-X-цевки од d20 до d50.

Технички карактеристики

Го има како модуларен  систем, и како предконфекциониран модуларен разделник со тестиран притисок (довод и одвод) од армирани стаклени влакна, пластичен материјал отпорен на студ и топлина со висок степен на изолација (топлоспроводливост 0,30 W/(mK)). Внатрешен дијамeтар на носач 2." (64 mm).

Секој доводен модул со интегриран блокатор (куглест вентил ID 25). Секој одводен модул со интегриран блокатор (куглест вентил ID 25) и полимерен мерач на проток (ID 25).

  • Секој приклучен модул со EZB месинган навој 2"AG (50 mm) за приклучок на главниот вод како и на 3 странични приклучоци." IG (12 mm) за монтажа на додатоци.
  • Разделни изводи со бајонет приклучок за РАУГЕО КЛИК конектор за приклучок на Соле системи.
  • Дозволено до макс. тестиран притисок 10 бар, макс. работен притисок 6 бар.
  • Дополнително содржи: 6 слепи чаури (монтирани), 2 × KFE-вентил." (12 mm), 2 × издувен вентил." (12 mm), сет држач на ѕид за неопходен број точки на прицврстување.

Опис

Професионално исполнување на бушотина

По потопување на геотермална сонда при вертикално или радијално душчење, бушотината треба потполно да се пополни. За таа цел РЕХАУ нуди незамрзнувачки материјал за исполнување во различна изведба, специјално направен за геотермални сонди:

РАУГЕО фил црвен

Термички подобрен незамрзнувачки материјал за полнење со коефициент на топлинска спроводливост од околу  2,0 W/mK и учинок од околу 1,0 to/m³

РАУГЕО фил син

Незамрзнувачки материјал за полнење со висок учинок од околу 0,7 to/m³

РАУГЕО фил бел 
Материјал за полнење за обични барања

Печати