РАУБИО систем на греење на ферментер

Опис

За брза инсталација и загревање на ферментерот

Во ферментерот се добива биогас со ферментирање на органски материи. За процесите на ферментација во ферментерот се користи температура помеѓу 30 °C и 50 °C. РЕХАУ со својот систем на греење на ферментер РАУБИО фикс разви специјален систем за греење кој е лесен за инсталирање и овозможува ефикасно загревање на ферментерот.

Предности

Предности

  • Едноставна и брза монтажа на целиот греен систем без специјален алат, нема потреба од спојни места во ферментерот
  • Брзо загревање на ферментерот преку површинска инсталација на грејниот систем на ѕидот на ферментерот
  • Одлични карактеристики на материјалот на целиот систем со примена на современ материјал Пекс А (PE-Xa)
  • Одлични карактеристики, висока отпорнот на киселини, температура и притисок, нерѓосувачки, нема микробиолошка корозија (MIC)

Компоненти на системот

Компоненти на системот

Системот за греење на ферментер РАУБИО фикс се состои од следните компоненти:

  • РАУБИО PE-Xa ферментер грејна цевка со дифузен блокатор во различни должини
  • РАУБИО фикс систем за прицврстување во две стандардни должини на шини
  • Специјален инјектионен систем со градежно одобрение
  • РЕХАУ Мулти-заптивна фланша (V4A) за сигурна инсталација на грејните цевки во надворешен дел
  • РЕХАУ разделник од нерѓосувачки челик (V4A) со монтирани приклучни навртки за поврзување на ферментер системите

Примена

Примена

Системот за греење на ферментер РАУБИО фикс е решение за брзо и ефикасно загревање на ферментерот во изведба на биогас централа. Можни се следните варијанти на инсталација:

  • Инсталација на ѕид. Примена кај сите вообичаени земјоделски биогас системи со потреба за брзо загревање
  • Инсталација во бетонски ѕид. Примена кај ферментер со висока содржина на суви материи
  • Примена за подно и ѕидно греење во системи за сува ферментација

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати