РАУБИО збирна шахта на гасен кондензат

Опис

За сигурно и постојано одведување на кондензирана вода од биогас постројката 

При транспортот од ферментер до топлинскиот енергетски блок, биогасот се лади. Со збирната шахта за гасен кондензат  РАУБИО сигурно и безбедно се одвојува кондензатот на најниската точка на гасоводот. Со тоа РЕХАУ е првиот производител со индустриско стандардно решение за дренажа на кондензат во биогас централи.

Предности

Предности

Највисоки стандарди за сигурност:

  • Интегрирана дренажа на кондензат со уред за вода и куглeст вентил за блокирање на гасоводот
  • Едноставна контрола со безбедни некородирачки скали со светла боја на шахтата
  • Сигурност со надворешни ребрести зацврстувачи во тло (можни се посебни решенија за зголемена работна сигурност)
  • Одобрено од градежен надзор од Германски Институт за градежна техника (DIBt)

Одлична заптивност и отпорност:

Најмалку 100 години работен век на шахтата согласно сертификат LGA Нирнберг

  • Отпорност на корозија и хемикалии од pH1 до pH13 со користење на современи материјали од PP и PE
  • Нема пропустливост на шахтата со безбедносен заптивен систем со тежински спојни заптивки

Едноставна монтажа:

  • Едноставно поврзување на нови и на веќе постоечки гасоводи со спојки на електрично заварување 
  • Eдноставно ракување на градилиште со модуларен систем без дигалки 

Компоненти на системот

Компоненти на системот 

  • Дно на шахта DN 1000 од полипропилен со вклучени скали, заварен цевен потпирач и цевковод за гасоводна цевка
  • Фланшран Т-профил за дренажа на кондензат AD 160mm односно AD 225mm од PE 100 со капак на изводот за контролен притисок
  • Приклучни цевки од PE 100 со шилест крај за приклучок со спојки на електрично заварување или со челно заварување на гасоводот
  • Цевовод за 32mm потисна линија за приклучок на кондензат пумпа (потисна линија и кондензат пумпа изведена)
  • Конус DN 1000/625 од полипропилен со вклучени скали и заптивни прстени

Примена

Примена 

Системот шахта РАУБИО е решение за професионална дренажа на кондензат во рамки на биогас централата:

  • Кај новоградби:  збирна шахта помеѓу главниот ферментер и BHKW односно дополнително ферментирање и BHKW
  • Кај постоечки: за проширување на постоечките биогас системи со дополнителни ферментери
  • При изведба на грејни мрежи: во комбинација со гасни сушари, како влезно ниво на сушење гас
  • При санирање: за размена на постоечки „изведбени решенија“ односно пропусни бетонски шахти во биогас централи

Материјали за превземање

Материјали за превземање

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати