ИНСУЛПЕКС цевка за блиско и далечинско топлоснабдување

Карактеристики

Предизолирана цевка Пекс А (PE-Xa) за енергетски ефикасен транспорт на топлина

За транспорт на топлина од биогас или пилевина системи, потребни ви се цевни системи со постојана сигурна топлинска изолација и спојна техника. ИНСУЛПЕКС се состои од високо ефикасниот материјал PE-Xa и висок степен на изолација од PU-пена. На тој начин се зголемува економичноста на вашата топлинска мрежа односно значително се намалуваат топлинските загуби.

ИНСУЛПЕКС ги нуди следниве предности за реализирање на вашиот проект на парно греење:

  • Оптимална топлинска изолација Ламда 0,024 W/mK
  • За температури до макс. 95°C
  • Најфлексибилно поставување на ролната
  • Брза и економична монтажа
  • Нема корозија или инкрустација
  • Целосна програма на профили и опрема
  • Уникатна универзална техника на спојка

Примена

Примена

Системот на цевки ИНСУЛПЕКС е решение за многукратна примена при распределба на топлина.

  • Централно парно греење
  • Водоснабдување и пренесување топлина
  • Индустрија и ладилни системи
  • Централи на биогас и биомаса
  • Греење на сообраќајници и отворени површини
  • Системи за користење геотермија (РАУГЕО)
  • Техника за базени

Компоненти на системот

Компоненти на системот

Системот на цевки ИНСУЛПЕКС нуди целосна програма на цевки и на профили со единечен и двоен вод и сите соодветни делови, профили и фитинзи.

  • ИНСУЛПЕКС двоен вод  од d20 до 75 mm, единечен вод од d20 до 160 mm со должина на прстенест сноп помеѓу 86 и 360m
  • РЕХАУ спојувачки систем на лизгачка чаура со сите вообичаени изводи, премини како и специјални куглести вентили и блок арматури
  • РЕХАУ спојувачки систем на спојка со електрично заварување FUSAPEX за поврзувања помеѓу d50 до 160 mm, агли, премини и конектори на фланша
  • РЕХАУ систем на изолациски спојки за поврзување и извод на ИНСУЛПЕКС изолиран систем цевки

Материјали за превземање

Материјали за превземање 

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати