Брилант-дизајн МД

Опис

Брилант Дизајн МД
Систем Брилант-дизајн со средишен дихтунг

70 мм Систем со средишен дихтунг

Покрај основниот систем Брилaнт-дизајн со преклопен дихтунг, достапен е и системот Брилант-дизајн со средишен дихтунг. Овој систем со средишен дихтунг е развиен како посебен систем со иста оптика. Кај Брилант дизајн со средишен дихтунг топлинската изолација е во преден план, така што со средишниот дихтунг уште повеќе се зголемуваат вредностите на изолација.

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 70 mm (опционално 80 mm рам)/средишен дихтунг
  • Број на комори: 5 комори
  • Топлинска изолација:
    Uf= 1,3 W/m²K (Брилант дизајн МД со стандардно армирање)
    Uf= 1,1 W/m²K (Брилант дизајн МД плус со термички разделено армирање)
  • Звучна изолација до Rw,P = 45 dB (VDI 2719)
  • Заштита од кражба: до спречување на насилно влегување класа 3 (ENV 1627)
  • Заштита од провев/поројни дождови: до класа 4 (EN 12207) / E750 (EN 12208)

Предности

Брилант Дизајн МД
Систем Брилант-дизајн со средишен дихтунг

Предности

  • Кос фалц во рамката за подобро истекување на водата и полесно чистење
  • Оптимални статички карактеристики преку челично армирање со голема длабочина на вградување
  • Еднакви армирања во рамот и крилото за полесно одржување на лагерот
  • По избор екструдирани дихтунзи за рационална завршна обработка
  • High Definition Finishing- површина(HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување
  • Еколошки производ, со тоа и можност за рециклирање

Дизајн

Брилант Дизајн МД
Систем Брилант-дизајн со средишен дихтунг

Дизајн

  • Класични крила поставени на рамна површина или закосени дизајнирани крила
  • Разновидни можности на дизајн со различни бои и декор фолии како и со лакирање или алуминиумски обвивки
  • Светлосивите дихтунзи ги нагласуваат белите профили
  • Елегантна оптика преку закосени делови од 20°
  • Закосен рам 80 mm

Прибор

Брилант Дизајн МД
Систем Брилант-дизајн со средишен дихтунг

Прибор

На располагање е следниов прибор и дополнителни елементи за Брилант Дизајн МД:

  • Аголни спојки:
    Успешно го спречува настанувањето на мувла и кондензација (DIN 4108-2)
    Троаголни решенија за 90° агли, 135° агли и варијабилни агли со внатрешен навој помеѓу 90° и 180°
  • РЕХАУ Комфорт- дизајн плус:
    Системот на ролетни нуди ефективна заштита од светлина и погледи. Достапен е и систем на ролетни со интегриран комарник.

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати