Техника на лепење

Опис

Техниката на лепење на РЕХАУ отвара нови димензии

Современата архитектура е отворена и креативна. За уредување на големи стаклени површини, потребни се прозорци кои нудат стабилност и висок комфор. Посебниот стабилен спој на стакло, лепак и профил отвара нови простори за современата архитектура и рационални изготвувања.

Нудиме од парцијално лепење за преклоп на системите ГЕНЕО, Брилант дизајн и Еуро Дизајн 70 па се лепење на ивиците на стаклото кај Еуро Дизајн 86 плус

Парцијално лепење на ивицата на крилото :

Со оваа техника на лепење екстра големите прозорци и балконски врати со елегантни профили постануваат реалност. Дури и специјалните елементи како заоблени и аголни прозорци имаат трајна функционалност и стабилност. Техниката има флексибилна примена – од мануелно до индустриско сериско производство.

Лепење на ивиците на стаклото:

Ова е консеквентно надополнување на парцијалното лепење на ивицата на крилото. Специјално развиено крило со ширина 48 mm за сериско производство кое овозможува лепење во основата на стаклото – за современа архитектура.

Предности

Предности

  • Примена на РЕХАУ прозорски системи при споредбени Uf -вредности
  • Алтернатива за конвенционалната хоризонтална/вертикална фасада
  • Мали длабочини на вградување преки статички челични профили
  • Слободен дизајн преку разновидните типови и бои на профили
  • Интегрирање на иновативни технологии
  • Заштитна фолија на ПВЦ профилите
  • Еколошки систем

Дизајн

Дизајн

  • Современа архитектура за големи стаклени површини
  • Лепење кое не е видливо ниту одвнатре ниту однадвор
  • Традиционалниот изглед на прозорецот останува ист

Можности на примена

Можности на примена

Парцијално лепење на ивицата на крилото

  • Прозорци и балконски врати од системите ГЕНЕО, Брилант дизајн и Еуро Дизајн 70
  • Кај стандардни големини како алтернатива за челично армирање, за екстра големи елементи потребно е доплнителено со челично армирање
  • Мануелно и фабричко производство
  • Идеално за специјални градби

Лепење на ивиците на стаклото:

  • Индустриско производство со специјално крило со ширина 48 mm
  • Во принцип не е потребно челично армирање
  • За екстра големи елементи и елементи во боја потребно е челично армирање

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати