Перспективи без граници

Нова дефиниција на прозорци – со РАУ ФИПРО X

Во 2008 година РЕХАУ направи револуција на нпазарот на прозорци со РАУ ФИПРО. Принципот на материјали зајакнати со влакна – до денес познат најмногу кај авионската индустрија  – за прв пат беше применет кај прозорците и ги вклучува најдобрите особини од светот на ПВЦто и зајакнати влакна. 

РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ

Fenster aus RAU-FIPRO X


  • Максимални големини на прозорци
    со двојно повисока стабилност во однос на нормални ПВЦ прозорци
      
  • Најдобра енергетска ефикасност
    со двојно помалку топлински мостови
     
  • Индивидуални форми
    можат да се направат цеолсно армирани - без додавање на челик и тоа целосно до аглите

До сега многу работи се променија: Од архитектонски стилови, преку индивидуални побарувања на дизајнот и функциите на прозорците, па се до желбата за поголема одржловост. 

РЕХАУ, не би бил РЕХАУ, доколку не работи и понатаму на создавање на системи за прозорци кои ги обединуваат актуелниот ќивотен стил, архитектонските трендови и индивидуалните желби. 

Време е да се продолжи успешната приказна со РАУ ФИПРО...



СО зголемениот удел на стаклени влакна во профилот на крилото на прозорецот за повеќе од 50%, РАУ ФИПРО Х станува висококвалитетен материјал со бесконечни можности.  Од фебруар врвниот систем ГЕНЕО го има со РАУ ФИПРО Х и со тоа веќе добро познатите предности уште повеќе ги зајакнува со Х фактор:

X-ТРА ГОЛЕМИ

RAU-FIPRO X

Со РАУ-ФИПРО Х лесно се изведуваат повисоки прозорски елементи со сигурна функција без дополнителни светла. 

Резултат: Уште повеќе природна светлина и големини на прозорци кои одговараат на современата архитектура. 

10 % поголеми прозорци: 

  • Бели: до 280 cm висина
  • Неармирани бели: до 230 cm висина
  • Неармирани во боја: до 220 cm висина

X-ТРА СТАБИЛНИ

Профилите од РАУ -ФИПРО Х се целосно армирани, без челик се до аглите на спојување, без дополнително лепење. Тежината се распределува во сите правци. 

Зголемената отпорност на температура обезбедува максимална стабилност - од исклучителна важност особено поради зголемениот број на каширани и обоени профили. 

X-ТРА ЈАКИ

Поради зголеменото присуство на стаклени влакна за повеќе од 50 %, кои влијаат на статиката, сега е можна изведба на прозорски крила со тежина дури до 150 kg и со тоа е овозможена интеграција на стакло кое има звучна и сигурносна заштита. 

Самите профили истовремено се за 40 % полесни од другите конкурентни системи. Тоа значително ја олеснува обработката и монтажата. 

Прозорците од РАУ -ФИПРО Х профили ја намалуваат звучноста до 47 dB.

RAU-FIPRO X: Himmlische Stille

Прозорците од РАУ -ФИПРО Х профили едноставно и без проблем ја достигнуваат класата на отпор RC 2. А кај посебни побарувања може да се достигне и класата на отпор RC 3 со изведба на дополнителни мерки. 

X-ТРА ЕФИКАСНИ

90 % од сите РАУ ФИПРО Х  рамки за прозори доаѓаат без метално засилување. Така се избегнуваат неповолните топлински мостови. Слободните комори може да се искористат за избедба на дополнителна топлинска изолација. А во комбинација со трослојно стакло се достигнуваат вредност  Uw до 0,60 W/m2K.

Прозорските профили направени од материјалот РАУ-ФИПРО Х се сертифизирани од страна на институтот за пасивни куќи во Дармштадт. 

X-ТРА ДИЗАЈН

Програмата КАЛЕИДО КОЛОР нуди огромен избор на бои и дизајни. Зависно од посакуваниот изглед и структура на површина, се користат различни постапки како што е лакирање (КАЛЕИДО ПЕИНТ) или каширање со фолија (КАЛЕИДО ФОИЛ) Резултат: преку 400 можности за дизајнирање. Притоа одвнатре и однадвор може да се комбинираат различни дизајни. 

KALEIDO COVER

Совршен изглед на алуминиум: Економски најдоброто решение

РАУ-ФИПРО Х овозможува големини на прозорци, кои до сега беа возможни само со алуминиум. Но не само тоа, со алуминиумскиот капак КАЛЕИДО КАВЕР, прозорците може да имаат изглед на висококваллитетен алуминиум благодарение на профилот во боја на антрацит, дури и про отварање. Покрај алуминиумскиот капак постојат и бои на облагородени метали како и лак за структурирани и сјајни површини. 

KALEIDO WOODEC

Природен изглед и чувство со КАЛЕИДО ВУДТЕК


Откријте го следното ниво на оптика и хаптика на вистинско на РЕХАУ прозорците. Матираните површини на КАЛЕИДО ВУДТЕК не само што се убави за гледање, туку и при допир се чувствуваат како вистинско дрво. 

Дознајте повеќе за КАЛЕИДО КОЛОР

Силен тим: прозорски профил ГЕНЕО и РАУ-ФИПРО Х

Успехот на РАУ-ФИПРО е тесно поврзан со прозорскиот систем ГЕНЕО. логична последица: ГЕНЕО е првиот систем на РЕХАУ кој ќе биде направен од РАУ-ФИПРО Х. 

Откријте го ГЕНЕО РАУ-ФИПРО Х:


REHAU ECO PULS

Како фирма која произведува во целиот свет ние имаме посебна одговорност кон човекот и околината. Суровините и материјалите ги користиме одговорно и ги следиме низ целиот животен циклус. РЕХАУ ЕКО ПЛУС прозорците заштедуваат енергија, низ целиот нивен животен циклус и тоа не само кога се вградени.  Ние ги земаме назад старите прозорци и гио рециклираме. кај нас материјалот се собира, се распределува, чисти, делумно се оплеменува и на крајот повторно се користи за производство на нови профили за прозорци. Така, од старите прозорци се создаваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи - и тоа со истиот квалитет како прозорците од свеж материјал.

Дознајте повеќе РЕХАУ ЕКО ПЛУС 

Печати