RAUPROTECT PE 100-RC Одводна цевка со баркод за идентификација и следење

Опис

РАУПРОТЕКТ PE 100-RC канализациска цевка со баркод за идентификација и следење Traceability-Barcode – идеално соодветна за современи, штедливи техники

РАУПРОТЕКТ од PE 100-RC ОТПАДНА ВОДА е цевка под притисок со полн ѕид и отпорна на напор на оптоварување, од високо квалитетен материјал РЕ 100- RC (отпорна на кршење) согласно РАЅ 1075 (дизајн).

РАУПРОТЕКТ од PE 100-RC ОТПАДНА ВОДА дополнително располага со отпорна трајна текстуална ознака со вклучен баркод за следење според ISO 12176-4, нанесено со ласер заради непречено повратно следење (REHAU Quality System RQS). Со тоа ќе може секој метар положена РАУПРОТЕКТ цевка од PE 100-RC, заедно со изведените заварени спојници да биде непречено следен.

Предности

Предности

  • Одлично погоден за современи техники на положување како хоризонтално дупчење во вода со испирање, вкопување, вплугување, техника на земни ракети, управувано тунелирање, линиско положување на долга цевка, кршење на линија и положување во отворен ров ископ без песочна подлога и цевна потпора.
  • Нема појава на пукнатини на точка на оптоварување.
  • Соодветно за сите класи на почва.
  • Се положува без скапа замена на почва, со што отпаѓа набавка на материјал за слој на корито и депонирањето на прекумерниот ископ.
  • REHAU-Quality-System (RQS) со вклучена трајна баркод ознака.
  • Непречено следење на секој метар положена цевка.
  • Автоматизирана документација на заварување без можност за грешка, како при рачно протоколирање.
  • Користење на баркодот за следење во рамки на современи складишни системи во ланецот на менаџмент на набавки.
  • По желба е можна 10 годишна гаранција на сите вградени RAUPROTECT-цевки од PE 100-RC (Германија).

Технички податоци

Технички податоци

  • Поврзување со помош на вообичаени фитинзи со стеги, навртки односно со спирално топло заварување.
  • Монтажа на спојниците согласно општо важечките упатства и техничките спецификации на производителот.
  • Тапо заварување и топло спирално заварување согласно упатство DVS 2207-1.

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати