РАУДУКТ сноп од цевки за полегнување

Опис

За оптимално искористување на пресеците на кабелски канал

РАУДУКТ сноп од цевки за полегнување се состојат од две до пет ПЕ -цевки, кои се меѓусебно поврзани со ПЕ -обвивка без шев. На тој начин се добива флексибилна цевна врска која не пропушта гас и вода. Постоечките мрежи со слободни празни цевки можат дополнително без никакви проблеми да се искористат. Врз основа на оваа карактеристика отпаѓаат трошоците за подземна инсталација на ново положување, што е и најголем трошковен фактор. Внатрешниот жлеб на РЕХАУ го олеснува инјектирањето на новите кабли.

Предности

Предности

  • Постоечки или нови мрежи со слободни празни цевки можат дополнително без никакви проблеми да се искористат
  • Внатрешниот специјален жлеб на РЕХАУ и соодветните пресеци за инјектирање на кабли го олеснува инјектирањето на нови кабли и пресеците полесно можат да се пополнат
  • Отпаѓаат трошоците за подземно инсталирање на ново положување
  • Со тоа што секој кабел е определен кон една внатрешна цевка, истите полесно се разликуваат. На тој начин, при ново изнајмување на траса полесно може да се отстранат инсталираните кабли и да се постават каблите на новиот изнајмувач
  • Со поефикасните кабли е можно проширување на мрежата

Испорака

Испорака

  • РАУДУКТ 5- кратно: 1 цевка 40x2,0, 2 цевки 32x2,0, 2 цевки 25x2,0
  • РАУДУКТ 4- кратно: 2 цевки 40x2,0, 2 цевки 32x2,0
  • РАУДУКТ 4- кратно 32: 4 цевки 32x2,0
  • РАУДУКТ 3- кратно golem: 1 цевка 50x2,5, 2 цевки 40x2,0
  • РАУДУКТ 3- кратно mal: 1 цевка 40x2,0, 2 цевки 32x2,0
  • РАУДУКТ 3- кратно 32: 3 цевки 32x2,0
  • РАУДУКТ 3- кратно 40: 3 цевки 40x2,0
  • Други пресеци по нарачка

Системски компоненти:

  • Приклучен фитинг-конектор
  • Завршен фитинг и заптивна капа
  • Единечна изолација, помеѓу цевка и кабел, делива
  • Заптивен чеп, делив
  • Полушколки за поправки, сет за поправки
  • Секач, демонтажна полушколка за приклучен фитинг-конектор, цевен-секач, нож-соголувач
  • Варио-гарнитура за инјектирање за димензии на цевка d 25 до d 50

Пневматски кабелски систем на дополнување, со инструменти

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати