VACUCLEAN

Чистење со ВАКУКЛИН - моќниот систем се состои од централна единица за смукање, цевка со звучна изолација РАУПИАНО ПЛУС и додатоци

Централната единица за смукање се чува надвор од домот, на пр. во подрумот. Приклучниците се наоѓаат на различни места во куќата. Со приклучување на лесното црево, смукањето на нечистотијата може да започне тивко преку цевката до централаната единица за смукање каде што се филтрира. Вшмуканиот прав, кој е полн со микроорганизми и кои често се причинители на алергии, целосно се исфрла надвор.

Едноставно, удобно и хигиенски чисто!

Предности

  • Едноставно - прикачете го цревото за смукање, правот се собира во централната единица преку цевката
  • Тивко - смукање без бучава, бидејќи правосмукалката е сместена надвор од станбениот простор
  • Здраво и хигиенски - воздух оди надвор од куќата, нема опасни микрочестички и алергени
  • Лесно и брзо - нема правосмукалка што мора да се носи наоколу, нема кабли на кои би можеле да се сопнете, бришењето прав се сведува на минимум
  • Удобно, со далечинското управување, по избор може да се управува преку управувачки кабел
  • Секогаш иста вшмукувачка моќност поради циклонскиот филтер
  • Нема филтри што се фрлаат
  • Широка палета на дополнителен прибор и резервни делови

Компоненти на системот

Единица за смукање

Без оглед дали се работи за едносемејни или повеќесемејни куќи или куќа со повеќе станбени единици, за канцелариски простории, вили или деловни објекти - РЕХАУ нуди три врсти уреди со различна моќност:

  • ВАКУКЛИН 2000 (530 Airwatt) за едносемејни куќи или станови
  • ВАКУКЛИН 3000 (580 Airwatt) за едносемејни и двосемејни куќи, мали пансиони, канцеларии и дуќани, итн.
  • ВАКУКЛИН 4000 (2x 580 Airwatt) пансиони, канцелариски простории и деловни објекти, итн., истовремено смукање со два приклучока

Можности за комбинирање:

  • Централната единица за смукање може по желба да се управува со гласовни наредби или преку далечинску управувач, односно комбинација на гласовни наредби и далечински управувач.

Практично:

  • Сите типови уреди имаат ЛЕД-екрани
  • ЛЕД-екранот помага при ракувањето на уредот со помош на гласовно управување, а истовремено е и бројач на работни часови

Сигурно:

  • Независно од начинот на управување (гласовно/далечинско или со прекинувачот на уредот), уредот автоматски се гаси по 15 минути работење од безбедносни причини
  • Повторно приклучување се врши преку рачката на цевката за смукање

Црево за смукање

  • Црево за смукање со вграден предавател за гласовно управување
  • Црево за смукање со прекинувач за вклучување/исклучување преку кабелот за управување

Систем од цевки

Комплетен систем се во едно - цевка со звучна изолација РАУПИАНО ПЛУС од централната единица за смукање и широката палета на додатоци.

  • РАУПИАНО ПЛУС –цевка за две намени
  • Универзална цевка за исфрлање на правот од куќата
  • Цевка за смукање и проветрување преку централниот систем за смукање
  • Лесно управување, едноставно складирање, без потреба од многу алати

Предности со нашиот систем на цевки РАУПИАНО ПЛУС

  • Ниско ниво на триење, мазната внатрешност на цевката не дозволува насобирање на нечистотии
  • Како систем на цевка со врвна звучна изолација обезбедува  мир и тишина во целата куќа
  • Висок квалитет
  • Еколошки, може да се рециклира

Додатоци

ВАКУКЛИН ви нуди широка палета на додатоци за најразлични намени.

  • Лопатка на која може да се намести и да смука Vac-Pan - во простории во кои треба да се мете, повеќе не ви е потребна лопатка. Едноставно со подигнување на капакот, започнете со смукање и изметете ги нечистотиите во отворот
  • За естетски места нудиме голем избор на приклучни единица за смукање во различни бои, а по желба, наместо приклучок на ѕидот, можен е приклучок на подот

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати