Пасивна куќа во Фрајбург

Првата пасивна куќа во Германија

Во Вајнгартен-Вест, дел од градот Фрајбург, се роди првата повеќекатница во Германија, која со санација ги задоволува стандардите за пасивна куќа. 16-катната зграда изградена 1968 год. важи за еколошки проект-модел. Таа троши помалку од 80% енергија за греење и со тоа спречува создавање на 60 тони од штетниот CO2. За да ја постигне оваа извонредна енергетска урамнотеженост, покрај новата техника за греење и контролираната вентилација најпрво потребна е и добро изолирана обвивка која значително ги намалува загубите на енергија.

При санацијата посебно внимание беше посветено на топлинската изолација. За таа цел беа ставени ГЕНЕО прозорци кои не само што ги исполнуваат барањата за енергетска ефикасност туку и високите стандарди за статика и непропустливост на воздух. Со длабочина на вградување од 86мм и софистицирана технологија со повеќе комори ГЕНЕО ги достигна оптималните предуслови за максимална заштеда на енергија. Бидејќи со неговиот High-tech матријал РАУФИПРО во поголемиот број случаи може да биде ефикасен и без зајакнување со челик, топлинските мостови кои обично настануваат преку интегрирани метални делови веќе му припаѓаат на минатото. Со широкиот рам профилите постигнуваат Uf-вредност од 0,85 W/m2K, т.е. Uw-вредност до 0,66 W/m2K.

МестоФрајбург, Германија
Носител на проектКнеер-Зудфенстер
Вид на проектПасивна куќа
Година2010
Нова димензија во прозорската техника

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати