Ние за нас

Системски решенија од РЕХАУ

Секоја градба е комплексен организам, кој се состои од најразлични елементи и кружни текови и фукционира само кога сите компоненти ефикасно комуницираат меѓусебе.

Затоа ние не мислиме само на производи, туку на целосни системи. Како водечки европски производител РЕХАУ нуди иновативни полимерни решенија за целиот објект, на тема енергија, вода и инфраструктура. Во нашиот асортиман за секоја примена ќе ја најдете соодветната технологија.

Ние развиваме целосни интелигентни решенија, кои се ориентирани кон иднината, кои ги поврзуваат екологијата и економијата, дизајн и фукнкција, сигурност и удобност, и со тоа поставуааат нови трендови во градежништвото. На основа на нашето долгогодишно искуство и техничка компетентност, ги користиме предностите на модерните материјали и целосни платформи, за да ја направиме Вашата работа со комплексните системи што поедноставна.

РЕХАУ се заложува за успех во многу области. Спектарот се состои од анализа, концепција и планирање како и изведба и спроведување, па се до подршка при самата работа и вкупно опфаќа четири различни сегменти.



Прозорска и

фасадна техника

Објектна

техника                             

Нискоградба

Регенеративни

енергии


Прозорците и фасадите се формативни архитектонски средства за уредување за секоја градба и одлучувачки фактор за ефикасност. На производителите на прозорци и фасади РЕХАУ им испорачува квалитетни, иновативни и енергетски ефикасни профили Заедничката платформа на сите профили и многубројните услуги, обезбедува оптимална продуктивност.


РЕХАУ произведува системи за питка вода, звучно изолиран одвод, системи за поврзување на грејни и разладни тела, површински системи за греење и ладење, системи за централна правосмукалка, па се до индустриски цевки и системи под притисок, кои со својот исклучителен квалитет и соодветна техничка подршка имаат примена во објектите. 

Инфраструктурата под земја бара посебни услови на работа како и долговечност на системите. РЕХАУ за тоа нуди интелигентни и компатибилни концепти за управување со водите, техниката за енергија и пренос на податоци, кои убедуваат со својата економска и еколошка оправданост.

Добивањето на енергија со заштеда на ресурсите и климата, е централна тема на иднината за човештвото воопшто и за градежниците особено. За тоа РЕХАУ веќе со години особено внимава на ефикасното искористување на енергијата од обновливи извори на енергија.



За нашата мисија дознајте повеќе од филизофијата на компанијата...

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати