Хидраулични црева за велосипеди

Опис

ПРИСУТНИ НА СЕКОЈ ЧЕКОР!

Во последните години велосипедизмот од класично хоби прерасна во вид спорт на издржливост со сè повеќе опрема од висок квалитет.

Со модерните хидраулични велосипедски диск-сопирачки со мала мануелна сила се постигнува огромно дејство на сопирање. А, првокласните системи за сопирање бараат и првокласни компоненти!

По велосипедски модел се трошат околу 2 m од мало хидраулично црево со димензии од 2,0 до 2,5 mm (внатрешен пречник) и 4,9 до 5,6 mm (надворешен пречник).

Покрај цревата за висок притисок за велосипедски диск-сопирачки со мали димензии РЕХАУ испорачува и неармирани PA-моноцевки за пневматски сопирачки на фелни со висок квалитет.

Предности

Предности

Профилот на барања за хидрауличните црева со мали димензии е висок.

  • висока флексибилност
  • екстремна отпорност на притисок
  • мали внатрешни и надворешни пречници
  • мала тежина
  • мали радиуси на виткање
  • незначајна дифузија (ефект на блокирање)
  • отпорност на нафта
  • работен притисок > 100 bar (притисок на распрснување > 1.000 bar)

Малите хидраулични црева на РЕХАУ оптички се подобруваат со помош на висококвалитетно топло втиснување во хром боја.

Во зависност од желбите на клиентите може да се остварат индивидуални, специфични бренд етикетирања.

Материјали

Материјали

  • RAU-PA (полиамид)
  • RAU-TEL (полиетер-естер-еластомер)
  • RAU-PE (полиетилен)
  • RAU-PUR (полиуретан; исто така стабилизиран на микроорганизми)
  • Полиестер филамент или арамиден конец
Печати