НЕМАЈ СТРАВ ОД ВОДА! СИСТЕМ ЗА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ РАУТИТАН.

Чиста вода за пиење – ја имаш в рака

Водата за пиење е нашата храна бр. 1. Затоа ниедна храна не е толку строго контролирана. Не се подразбира само по себе дека овој посебен квалитет навистина доаѓа од твојата чешма. Снабдувачите на водата за пиење се одговорни само до приклучокот до твојата куќа. Во последните метри клучни се цевките за вода во твојата куќа.

Хигиенска вода за пиење може да се гарантира на долг рок само ако навистина се исполнети сите услови. Со РАУТИТАН во домот можеш да се опуштиш и да имаш доверба
во највисокиот квалитет на водата за пиење – со сигурност за цел живот.

Зошто хигиенската вода за пиење е важна за тебе

Не можеш да видиш колку е навистина чиста водата за пиење. Најголемиот ризик за твоето здравје е присуството на бактерии, како легионелата. Секоја година од болеста легионела заболуваат просечно 30.000 германци – пред сѐ преку вдишување на комбинација од вода и воздух, на пр. во тушот. Последица на ова се тешки воспаленија на белите дробови. 

Доколку системот за вода за пиење е погрешно поставен, тогаш твоите цевки обезбедуваат идеална почва за развој на легионелата и други патогени: Долгото стоење на водата во цевките го поттикнува растот и на одредена температура бактериите се разможуваат многу брзо.
Затоа е особено важно правилно планирање според потребите!

Твоето решение: РАУТИТАН

РЕХАУ одново го дефинира стандардот на цевките за вода за пиење и, благодарение на повеќедецениското искуство, комбинира иновативни материјали во ефикасните системи. Разновидноста на системот РАУТИТАН му овозможува на вашиот квалификуван техничар да избере соодветно решение и економично да го имплементира - не само во новоградба, туку и при реновирање.

Во движење и во вистинско време

Das RAUTITAN Komplettsystem für optimale Trinkwasserqualität

Водата во твоите цевки при секојдневното користење треба да се движи што е можно побрзо и да се обновува за да може оптимално да се отстранат микробиолошките штетници како што е на пр. легионелата.

Најефикасното решение за да се овозможи оптимално движење на водата е инсталација на прстенеста цевка. Секогаш кога ќе се пушти славината, целата содржина од цевката се придвижува и со тоа се промива секој дел од цевката: Речиси не постои ризик за развој на бактерии во системот. Дури и во куќите во кои ретко се корисат чешмите водата е во постојано движење. Програмата РАУТИТАН е специјално прилагодена на овие, како и на други иновативни техники на инсталација.

Топлата вода не треба да е студена, а студената вода не треба да е топла. Но, и при краток застој, водата во цевките може да се стопли или олади. Притоа настануваат идеални услови за микроорганизмите.

Изолацијата на РАУТИТАН обезбедува поддршка и потрошувачката на струја за твојата топла вода забележително ќе се намали.

Нема простор за бактерии

Мазните површини на цевките РАУТИТАН успешно штитат од таложење на бактериите во цевоводниот систем. 

Во поврзувањата на цевките на повеќе инсталациски системи се создаваат најповолни услови за размножување на бактерии. Водата продира низ најтесните делови и таму доаѓа до застој. Ова ги радува микробите.

Големата непропустливост на техниката за поврзување на РАУТИТАН ефикасно ги спречува наслагите – официјално потврдено од институтот Фраунхофер.

Квалитет што се исплатува

Штом ќе се вградат, цевките исчезнуваат во ѕидот како и во подот, а со тоа и од твојот вид. Штетите од вода претставуваат кошмар. Затоа е уште поважно при изборот на системот со цевки да се мисли на иднината.

РАУТИТАН ќе те убеди со својата сигурност и долготрајност: Цевките од високотехнолошкиот материјал PE-Xa издржлив на висок притисок се основа за повеќедецениска безбедна употреба. Кај техниката за поврзување, РЕХАУ се потпира исклучиво на стабилни материјали, кои се употребуваат и во космонаутиката. Тие се посебно отпорни на корозија, која е карактеристична кај тврдата вода или водата за пиење со проблематичен квалитет.

Локален партнер на лице место

Твојата инсталација за вода за пиење е во добри раце. Затоа при советувањето и инсталацијата треба секогаш да имаш доверба во компетентноста на докажаните стручни лица. Тука ќе го најдеш вистинското лице за контакт во твојата близина:

Тука ќе го најдеш вистинското лице за контакт во твојата близина:

Печати