Локации

Од своето основање во 1948 година, РЕХАУ прерасна од сопствени средства во глобална група. Најпрво во Германија, а потоа следеше успешно етаблирање во околните западни земји. Така во 1956 година за прв пат беше направено странско преставништво во Австрија. На тоа следеше натамошен развој во Европа, како и основање на локации во северна Америка, Азија и Австралија. Веќе повеќе од 10 години, РЕХАУ е присутен и на пазарот во источна Европа. Межу другото во 1996 година во Гунтрамсдорф, Австрија беше формирана дирекцијата за југоисточна Европа. Денес околу 19.000 вработени низ целиот свет придонесуваат за нашиот раст и успех. На повеќе од 170 локации на пет континенти, РЕХАУ успева да биде што поблиску до своите муштерии.

Печати