Ние за нас

Unlimited Polymer Solutions

На полето на енергетски ефикасни градби, користење на регенеративни енергии и управување со води, како и сегментот  "Mobility & Future Living", РЕХАУ има важен придонес за еколошките и економски предизвици во иднина. Компетентноста и иновативноста го доведоа РЕХАУ до водечки понудувач на системски решенија и сервис во областите градба, автомотиви и индустрија. Благодарение на комбинацијата на висок развој и силна нецентрална продажна и сервисна организација, РЕХАУ дојде до најдобрите понудувачи на пазарот во својата област. Високата професионалност од создавање на материјалите па се до изведба на системите, како и страста за фасцинирачки неограничените можности на полимерните материјали, се основен предизвик, да бидеме водечка марка ширум светот.

Филозофија

Уште од основањето на фирмата РЕХАУ тежнее да најде нови области на примена со свои индивидуални рецептури на вештачките материјали. Ние тежнееме кон замена на досегашните материјали со креативни системски решенија и  додавање на вредност со што ќе создадеме поголема корист за нашите клиенти.

... повеќе ќе дознаете овде

Компетенци

Со иновации и сигурност обезбедуваме долготрајни предности во однос на конкуренцијата. Тн. Know-how од нашите оддели: градба, автомотиви и индустирија консеквентно го комбинираме. Нашите понуди на системски решенија и услуги придонесуваат за зајакнување на нашата водечка позиција во светот и тоа на ниво на производ, стручни совети и сервис. Долгорочната претприемачка насоченост на прави независен и доверлив партнер за нашите клиенти и тоа на целата земјина топка.

... повеќе ќе дознаете овде

Набавки

Централата од каде се врши управувањето на Групацијата РЕХАУ во швајцарското место Мури истовремено преставува седиште и на материјалната економија и логистиката. Самостојното трговско друштво на централно ниво купува за РЕХАУ суровини, машини и постројки од целиот свет и го организира транспортот и логистиката. Економичноста, квалитетот, услугата, можноста за испорачување и сигурноста притоа имаат највисок приоритет.

... повеќе ќе дознаете овде

Академија

РЕХАУ академијата е централна научна институција за нашите решенија и услуги кои се базираат на полимери во доменот на градежништвото и индустријата. За да може нашите ветувања за квалитет да бидат насекаде компетентно спроведени, ние обезбедуваме обуки за инсталатери, трговци и продавачи на кои тие добиваат основи и детали за успех. Предавања се одржуваат редовно во нашите центри за обука, во продажните центри на РЕХАУ и директно на самото место кај корисниците.
... повеќе ќе дознаете овде

Општествена одговорност

Како меѓународно активна фирма и одговорен работодавач, РЕХАУ се ангажира и надвор од своите работни активности. Насекаде во светот се залагаме во најразлични општествени области за еколошки, економски, социјални и културни аспекти. Притоа секогаш целта е долгорочно да се преземе општествена одговорност, наместо цел да бидат селектирани задачи без долгорочни ефекти.

... повеќе ќе дознаете овде

Историја

1948 Хелмут Вагнер започнува со производство на цевководи и црева за вода. Производствена хала била една помошна зграда на франкофонската фабрика за кожа основана 1907 година. Производството зема голем замав и се развива, поради што РЕХАУ уште тогаш можеше да бележи успех кај илјадници производи и системи. Но со ефтини масовни производи уште од самиот почеток претпријатието не гледаше иднина. Висококвалитетни делови и системи, во кои има многу сопствено Know How како и нивниот развој и производство се клучите елементи со кои станавме големи.

... повеќе ќе дознаете овде

РЕХАУ во Македонија

Во 2005 година е отворено продажното биро во Скопје со свој магацин, преку кое се обработува пазарот во Македонија, Косово и Албанија. РЕХАУ е присутен во Македонија уште од 1999 година и постојано развивајќи ја својата продажба денес претставува водечки понудувач на производите на пазарот. Како и во сите други земји во регионот, така и овде локалниот пазар го обработува стручно продажно одделение. РЕХАУ во Македонија и претставништвата во Косово и Албанија во моментов брои 21 вработен.

РЕХАУ во Австрија

Во 1956 година, во Австрија беше формирана првата ќерка фирма на РЕХАУ групата, во странство. Во 1961 започна изградбата на фабриката во австрискиот Ноиленгбах, која произведува и напредува до ден денес. На тоа следеше формирање на продажен центар за областа ГРАДБА во Гунтрамсдорф, Виена и продажен центар за ИНДУСТРИСКИ РЕШЕНИЈА во Линц. Како и во сите други земји во регионот, така и овде локалниот пазар го обработува стручно продажно одделение.

...и во регионот Југоисточна Европа

Од 1996 година управната зграда за Југоисточна Европа (SOE), се наоѓа во Гунтрамсдорф, Австрија. На почетотот на 2007, во рамките на новото структуирање ширум светот во РЕХАУ групата, регионот доби ново име СЕ (SE). Во овој регион припаѓаат: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Австрија, Романија, Србија, Словенија, Словачка, Чешка, Турција, Унгарија, Украина и Кипар.

Покрај фабриката во Ноиленгбах, во овој регион има фабрика и во Османели, Турција.

Вкупно во регионот Југоисточна Европа денес има повеќе од 1.450 вработени на 24 локации во 19 земји кои од Австрија добиваат подршка за областите финансии, кадрово одделение, применлива техника, набавки, IT/IS и маркетинг/комуникација. Околу 450 од нив работат во РЕХАУ Австрија, а 1.000 во другите земји од регионот.

Информации за материјалите

Печати