Општествена одговорност

Јобст Вагнер, Претседател на РЕХАУ Групацијата

Општествена одговорност

Како меѓународно активна фирма и одговорен работодавач, РЕХАУ се ангажира и надвор од своите работни активности. Насекаде во светот се залагаме во најразлични општествени области за еколошки, економски, социјални и културни аспекти. Притоа секогаш целта е долгорочно да се преземе општествена одговорност, наместо цел да бидат селектирани задачи без долгорочни ефекти.

Изложба Хорст Хирсиг во РЕХАУ АРТ

Уметност

Уметноста и економијата се во тесна меѓусебна врска. Без поддршката од фондациите или индустријата, уметничкото претставување би било многу помало. И обратно, преку новиот начин на размислување, уметноста ја поттикнува економијата во нејзините стремежи да бележи напредок со иновативни идеи.

Јобст Вагнер, претседател на РЕХАУ групацијата, за неговиот однос кон уметноста вели: “Претприемачите треба во принцип во една или друга форма, јавно да се ангажираат“- без разлика дали е тоа во политика или култура. Мојот ангажман ја опфаќа уметноста и уметниците. Благородно е моето слободно време да го вложам за фондацијата Уметничка сала Берн и со тоа да дадам придонес за културниот живот во Берн.

Ова го разграничувам од спонзорирање на културата и уметноста, кое секогаш се поврзува со противуслуга. Наспроти ова, за мојот ангажман не очекувам противуслуга и тој е сличен на покровителство.

Денови на филот во Хоф

Култура

РЕХАУ редовно ги подржува светските културни активности. Примери: Нашата фирма во Москва го потпомага светско познатото трио Рахманинов, а во Берн познатиот музеј на уметноста. Во англиското административно седиште Рос он Бај, мал град во Херефордшир, РЕХАУ придонесе за тоа да се овозможи културна програма според примерот на светските градови. Во Ерланген во Средна Франконија, од спектакуларната прослава по повод 1000 год. постоење, шарените предимензионирани боцки направени од РЕХАУ потсетуваат на подзаборавените историски настани во делот од градот. Во Фихтах во баварската шума, РЕХАУ беше главен спонзор на прославата по повод 600 год. постоење. Во Хоф, во рамките на иницијативата на фирмата потпомагаме меѓународните “Хоф денови на филмот” за да се обезбеди иднината на фестивалите. Покрај Берлиналето, деновите на филмот во Хоф важат како втор најзначаен филмски фестивал на Германија. Во главното седиште на фирмата, во истоимениот град Рехау, тн. РЕХАУ АРТ средба за дијалог, уметност и историја, секоја година примамува илјадници посетители со атрактивни уметнички изложби и културни случувања.

Симпозиум за иднината

Наука

Науката значи напредок. Како водечки производител на системи и поттикнувачи на иновации, нашата фирма веќе неколку години во Европа ја доделува РЕХАУ наградата за економија и за техника. Двете награди се насочени кон апсолвенти, кои во своите научни трудови се занимаваат со економските аспекти на меѓународно активни фирми, сеедно дали се работи за маркетинг, информатика или техника.РЕХАУ спонзорира насекаде во светот стручни симпозиуми и експертски панел дискусии на тема наука и техника. На пр. во Москва го потпомагаме “Клубот на германски архитекти и инжинери”. Во рамките на фирмата, сите вработени, од сите сектори, се поканети на РЕХАУ колоквиум. Овде редовно известуваат познати внатрешни и надворешни научници за современите теми и трендови, кои пак особено се важни за преработка на полимери.

Социјалност

Насекаде низ светот РЕХАУ го дава и својот социјален придонес. РЕХАУ им помага на оние на кои им е потребан помош како на пр. парична донација на организации за помош по природни катастрофи, редовни материјални донации, ако прозорски профили за домови за деца без родители во рускиот град Твер, донација за детска болница во Киев, или помош во романски училишта во рамките на Lyceum Corps of Volunteers.

Покрај тоа РЕХАУ има различни активности во различни земји, како фестивали и регионални културни настани. Нашето претпријатие е, меѓудругот и соосновач на иницијативата Hochfranken, здружение на повеќе фирми, кое е многу силно во регионот.

Печати