Политика на набавки

За повеќе на економичност и квалитет

Политиката за набавка на РЕХАУ е раководена од целите на фирмата. При тоа е задоволството на муштеријата е на прво место. Успехот на производите е тесно поврзан со нивниот квалитет и стои во непосредна поврзаност со целта, да се задоволат се поголемите барања на муштеријата.

Како претпријатие кое делува низ целиот свет, РЕХАУ бара креативни и конкурентни добавувачи на различни пазари и бранши. Економичноста, квалитетот, сервисот, способноста за испорака и доверливоста имаат највисок приоритет. Притоа нашето претпријатие има доверба во своите партнери добавувачи и очекува фер и долгорочна заедничка соработка. Услугите, противуслугите и ризиците се во измерен однос. Од партнерите добавувачи се очекува заеднички со РЕХАУ да препознаваат како има потенцијал за намалување на трошоците.

Печати