Квалитет

Висока професионалност и доверливост

Квалитетот претставува суштинска основа за нашиот успех. Со исполнување на барањата и желбите на нашите корисници во однос на квалитетот, ние даваме суштински придонес за нивното задоволство. Ние работиме на сите наши седишта во согласност со принципите и правилата за квалитет кои се општо важечки во целиот свет.

Награда за квалитет Бајерн 2011

Затоа добивме одликување од страна на владата во Бајерн за 2011. РЕХАУ се најде помеѓу добитниците на награди благодарение на извонредните процеси и производи како и иновативниот концепт за сигурност на квалитетот во категоријата индустрија.

Ова не се однесува само на нашите вработени, туку и на сите наши добавувачи:

  • Ние ги исполнуваме желбите на нашите муштерии и ги спроведуваме нивните барања за квалитет.
  • Квалитетот се планира, произведува, се проверува и следи.
  • Квалитетот вклучува квалификувана обработка на барањата, вршење на услугите и прецизност во однос на термините.
  • Спречувањето на грешките стои пред отстранувањето на грешките. Причините за грешките треба веднаш да се отстранат.
  • Процесите и системот на менаџирање со квалитетот постојано се подобруваат.

РЕХАУ е сртифициран според ISO 9001:2008, ISO/TS 16949:2009 како и ISO/IEC 27001:2005. Сертификатите можете да ги побарате по потреба.

Сертификати

Печати