Бројки и факти

РЕХАУ е врвна водечка марка за решенија кои се базираат на полимери РЕХАУ е лидер во областите градба, автомобилска индустрија (мотиви за автомобили) и индустрија на меѓународно ниво. Постојаниот раст го постигнуваме со наши сопствени сили - со иновативност и компетентност во техниката за површини како и развојот на системи и материјали. На повеќе од 170 седишта во 54 земји низ целиот свет околу 19.000 вработени се заслужни за растот и успехот на нашето претпријатие.

Зградата на фирмата 1948: фабриката за кожа

Основање

1948
Во градот Рехау во Германија, постоечките материјали беа заменети со поломерни материјали; првите производи:цевководи за индустријата за чавли, црева за вода и делови за автомобилската индустрија.

2000
Основачот на фирмата Хелум Вагнер, раководството на фирмата го предава на неговите синови: Јобст Вагнер станува претседател на надзорниот одбор, а Др. Вајт Вагнер станува потпретседател.

Развој
РЕХАУ најпрво се етаблираше во Германија и во околните западни земји. На тоа следеше проширување во цела Европа како и експанзија кон северна Америка, азија и Австралија. денес РЕХАу е застапен во преку 50 земји.

Иднина
РЕХАУ сака да остание независен и во иднина и да се ориентира на среднорочнии и долгорочни цели, наместо да бара кратокорочна добивка. Насочен кон еден стабилен раст, РЕХАУ своите активности по сектори и региони, ги ориенитра на начин кој ветува долгорочен потенцијал.


Структура
РЕХАУ е активен низ целиот свет со различно тежиште во посебните деловни сектори и региони. Географски РЕХАУ е поделен на осум региони:

  • Централна Европа - Central Europe (средна Европа и Германија, Полска, Балтичките држави, Финска),
  • Југ - South (јужна Европа, јужна Америка, делови на северна Африка),
  • Југоисточна Европа - Southeast Europe (југоисточна Европа со Грција, Чешка и Турција),
  • Исток - East (Русија, Белорусија,турк-државите),
  • Западна Европа - Western Europe (Франција, Швајцарија, Бенелукс, делови на северна Африка),
  • Северна Америка - North America (Северна и средна Америка),
  • Азија и Австралија - Asia & Australia (Азија и Австралија)
  • како и регионот GS (Велика Британија, Ирска, Скандинавија, јужна Африка).

Главната централа на на РЕХАУ групацијата се наоѓа во Мури/ Швајцарија


ДЕЛОВНИ ПОЛИЊА

Градба
Како водечки понудувач на полимерни решенија во областа на градежништвото, РЕХАУ прави систмска револуција на полето на екологијата, економијата, дизајнот и фукционалноста како и сигурноста и удобноста во градежништвото. Корисниците, архитектите, проектантите, инвеститорите како и трговците, сите профитираат од коплексните системи. Со своите иновативни и целосни решенија РЕХАУ допринесува за намалување на загубите на енергија, како и нејзино ефикасно добивање и користење. На полето на водоводните и одводни мрежи, како специјалист за полимери, РЕХАУ гарантира сигурен и хигиенски транспорт на водата за пиење, нуди системи за канализација на отпадни води, како и системи за искористување на дождовница. 

Автомотиви

Со нашите интелигентни решенија, ние ги подржуваме нашите муштерии во нивните напори за постојан развој на дизајнот, комфорот и сигурноста во автомобилите. Нашата работа се одликува со посветеност и одговорност. Нашата цел е да развиваме решенија и предизвици за иднината а со тоа заеднички да ја развиваме мобилноста. Со намаливањето на тежината на структурните составни делови нам ни успеа да ја намалиме емисијата на, CO2 Истражувањето на алтернативни горива, како на пример електрична енергија или водород, го следиме со иновативни решенија. На полето термоменаџмент, РЕХАУ е исто така доверлив партнер на автомобилската индустрија. 

Индустрија
На полето на индустријата РЕХАУ се етаблираше како доверлив сериски и системски добавувач на иновативни производи за различна примена. Заедно со други фирми и институции, уште денес разработуваме концепти за идните генерации. Благодарение на индивидуалните конструктивни можности и слободата при избор на дизајнот, клиентите на РЕХАУ слободно можат да ја користат својата креативност.  Ние нудиме опширни пакети на услуги и сервис и тоа на олчето на мебелската индустрија, индустријата за бела техника или домашни апарати па дури и за авионската индустрија. 

РЕХАУ АКАДЕМИЈА

Ние ги подржуваме нашите партнери со веќе испробана техника на продажба и тоа во полето на маркетинг или во полето на економско и техничко водељње на фирмата. Ние помагаме при тендери и планирање на објекти, даваме обуки и семинари како и практична помош, од соодветни софтвери па се до коплетен саемски штанд.

Истражување и иновација
РЕХАУ врши истражувачка работа, специјална за муштериите, создава нови материјали, рецептури и процеси и прави сериско производство. Во соработка со применетета техника и лаборатурија, техника на процеси и сопствено производство на машини и алати, РЕХАУ реализира системски решенија за своите муштерии.

Иновации
- 1998 Ауди A2 - сериско производство на браници
- 2000 Првата пасивна куќа со сертивициран прозорски профил клима-дизајн
- 2001 Ролетни за ормари РАУВОЛЕТ металик-лајн
- 2002 Систем за фасади РЕХАУ политек 50
- 2003 Систем за топлински изменувач воздух-земја АВАДУКТ термо
- 2004 Најнова техника за лепење за стаклени фасади на големи површини
- 2004 Награда за Crash-Management- систем - автомотиви
- 2005 РАУВОЛЕТ акустик лајн, звучно изолиран систем за ролетни за ормари
- 2006 АВАШАХТ DN 1000, полимерна шахта за отпадна вода со дијаметар од еден метар
- 2007 ски-лајн иновативен систем за скокалници (комбинација на зимска разладна лента со лента лента)

- 2008 светска премиера на ГЕНЕО - целосно армиран прозорски систем од висококвалитетен материјал рау-фипро

- РЕЛАЦО систем за тераси на основа на WPC-поврзувачкиот материјал РАУ ВУД

- РАУТИТАН, иновативен систем за инсталации со полимерен фитинг
- 2010 РЕХАУ топлинската пумпа ја комплетира програмата за енергетска ефикасност за греење и чадење

Вработени:
- Германија: околу 8.000
- Австрија: околу 450
- Регион - југоисточна Европа (без. Австрија): ca. 1.000
- Европа: околу 12.000
- во светот: околу 19.000
од тие

- Македонија,Косово,Албанија: 24


Локации:
Австрија: 2 продажни бироа, 1 фабрика, 1 дирекција
Германија: 16 продажни бироа, 11 фабрики, 2 дирекции, 3 логистички центри
Регион југоисточна европа: 1 дирекција, 24 продажни бироа со 2 логистички центри и 3 фабрики во 19 земји
Европа: 86 продажни бироа, 25 фабрики, 11 дирекции, 6 логистички центри
Во светот: 132 продажни бироа, 42 фабрики, 16 дирекции, 9 логистички центри

Во Македонија 1 продажно биро, Косово 1 претставништво, Албанија 1 претставништво.

Печати