Профил АВТОМОТИВИ

РЕХАУ - креативен партнер во автомобилската индустрија

Како иновативен системски производител и креативен партнер, РЕХАУ ја подржува автомобилската индустрија во нејзините напори да обезбеди дизајн, удобност и сигурност за целиот автомобил. РЕХАУ, како врвен понудувач на решенија од полимери е застапен скоро во сите првокласни автомобили со своите производи како: браници, рачки, интелигентни модули за воздух и вода, за чистење на шофершајбни и системот за климатизација на возилото, термопластични дихтунзи.

REHAU

Во интегрираната надворешна градба РЕХАУ уверува не само со производство на делови но и со алтернативни технологии за површини. Ова се потврдува со исклучително високото Know-how во производството. Фукционалните и сервисните решенија се одликуваат со извонреден менаџмент на бои и применливи материјали. Така претпријатието, беше првиот производител на лакирани полимерни браници.

РЕХАУ значително придонесува за автомобилската индустрија со своите интегрирани решенија за чистење на шофершајбни и ретровизори, како и со воздушните системи, обезбедувајќи удобност и сигурност во автомобилот. Модуларниот начин на градба, ја поедноставува комплексноста на системите за воздух и вода. Економичните пакети на дихтунзи за шофершајбни и врати ја подвлекуваат компетентноста на притпријатието за теромппластиччни материјали.

Како водечки системски добавувач, РЕХАУ ги покрива пакетите кои создаваат вредности, почнувајќи од создавање на материјалите, инженерство, проектен менаџмент па се до сериско производство на резервни делови. Со зрели концепти за производство и логистика, претпријатието е застапено низ целиот свет преку своите производи. РЕАХУ е деловен партнер со сите еминентни производители на оригинална опрема и добавувачки претпријатија.

Деловното поле АВТОМОТИВИ е носечки столб на РЕХАУ како светски активно претпријатие во обработката на полимери. Спечифичното Know-how од трите деловни полиња: Градба, Автомотиви и Индустрија, консеквентно го вмершува РЕХАУ со цел да ја зајакне водечката позиција во светот на ниво на производ, советување и сервис. Околу17.000 вработени низ целиот свет, придонесуваат за нашиот успех. На повеќе од 170 локации, ова независно фамилијарно претпријатие постојано се труди да биде блиску до пазарот и своите муштерии.

Печати