Одржливост според план

26.10.2015

РЕХАУ го објавува вториот извештај за одржливост

Политичарите, научниците, економистите и јавноста дискутираат за тоа како може  да се направи рамнотежа помеѓу економската профитабилност , социјалната правда и животната средина.  Како семејна фирма се соочуваме постојано со овие теми, затоа што размислуваме  и и работмиме со генерации – според  мотото за одржливост.  

Постигнавме многу –  но пред нас е уште многу. Со објавување на првиот извештај за одржливост пред две години , си поставивме за цел да информираме транспаретно за нашите стратегии, активности и цели. Со второобјавениот  извештај  сакаме да продолжиме по избраниот пат и да направиме преглед за стратегијата на РЕХАУ за одржливост, за одговорноста кон производите, за заштита на живoтната средина како и за вработените и заедницата.

Вториот извештај за одржливост може да го симнете како E Book  или  PDF

Печати