РЕХАУ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ ВО ЗАГРЕБ 2018

12.01.2018

„Ниту еден спорт не е така моќен и не ги поврзува луѓето во Македонија како што тоа го прави ракометот. Европското првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска со нетрпение го очекува цела Македонија. РЕХАУ се одлучи да ја подржи националната спортска гордост.

Можноста да бидеме на грбот на националниот дрес на капитенот Кирил Лазаров и неговите колеги од националниот тим во борба за уште едно успешно претставување на македонскиот спорт во Европа е исто така можност за успешна промоција на вредностите кои ги негува РЕХАУ како мултинационална компанија“

РЕХАУ Македонија од крајот на 2017-та е партнер на Ракометната Федерација на Македонија и со тоа ја продолжува повеќегодишната успешна ракометна приказна. РЕХАУ во следниот период ќе ја поддржи најуспешната македонска селекција на патот кон нови успеси на ЕП во Хрватска во јануари 2018 и во баражот за пласман на СП во Данска и Норвешка кој ќе се одржи во јануари 2019-та.

Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ се радува на поддршката од еден гигант како РЕХАУ: „Горди сме што една водечка светска компанија како РЕХАУ има искрена страст за ракометот. Посебно ни е драго што ќе бидат наши подржувачи пред еден предизвик како што е Европско првенство кое за неколку дена ќе стартува во Хрватска. Заедно можеме да направиме многу повеќе“.

РЕХАУ како општествено одговорна компанија и подржувач на ракометот веќе четири години е главен партнер на големиот проект на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, интернационалниот ракометен камп, каде претходните три години продефилираа над 700 деца на возраст од 7-18 години од Македонија, Словенија, Хрватска, Данска, Романија, Франија, Шведска итн. Од неодамна РЕХАУ е партнер на школата за ракомет “Кирил Лазаров 7“ која од септември 2017-та функционира на територијата на цела Македонија со 11 школи и над 500 момчиња и девојчиња.

Печати