РЕХАУ ја подржува иницијативата "Саути Ку"

30.07.2012

Know-how и иновативни системски решенија за пилот проектот во Кенија.

РЕХАУ ја подржува фондацијата на кенијката Др. Аума Обама тн. „Саути Ку“ – Кисвахили за „Јаки гласови“. „Помош за самопомош“ гласи мотото на интернационално активната иницијатива, чија цел е, да се даде подршка на младите африканци да ја развијат својата сопствена личност и преку економска самостојоност долгорочно да се ослободат од кругот на сиромаштијата. Меѓусебната соработка официјално беше поздравена преку официјален акт на 26 јуни 2012 во седиштето на РЕХАу во Германија.

Скопје/Рехау 30. Јули 2012. РЕХАУ го подржува проектот „Саути Ку“ во Сиаја во Западна Кенија, и на лице место помага со своите производи, пред се за водоводни и одводни системи. Заедно со лицата , одговорни за проектот како и младите, интернационалниот преработувач на полимери работи на тоа консеквентно и одлучувачки да ги подобри животните услови во земјата. На крајот на јуни оваа година межусебната соработка беше запечатена во ранките на еден акт и тоа во седиштето на РЕХАу во Германија со иницијаторката др. Аума Обама. Клаус Голвитцер, раководител на одделот за комуникацја во РЕХАУ, на самиот чин предаде симболичен чек од 1.000 Евра.

РЕХАУ ја подржува фондацијата на Др. Аума Обама "Саути Ку"

Клаус Голвитцер, раководител на одделот за комуникација на фирмата РЕХАУ, во знак на соработка предаде чек од 1.000 Евра на Аума Обама за нејзината фондација „Саути Ку“.

Соработка за иднината

„Со РЕХАУ, добивме компетентен партнер кој стои на наша страна и ја разбира нашата визија. “, вели Др. Обама при нејзината посета. „ Се работи за пријателски, отворен сијалог кои води кон одредена цел и зад кои стојат дела. Се радувам што со РЕХАУ најдов еден јак глас за Саути Ку. Во наредните години ќе бидеме во постојана соработка со цел консеквентно и трајно да го подобриме животот на младите во Африка. “ Други интернационални Саути Ку-проекти, во кои специјалистот за полимери ќе го употреби своето Know-how и системскит решенија се веќе во план. РЕХАУ ја помага фондацијата со 50.000 Евра годишно. Иницијаторката презентираше една фудбалска топка, која ја носи низ целиот свет и на кој таа собира потписи и пораки од интернационалните партнери на Саути Ку. Актуелниот претседател на САД, воедно брат на Др. Аума Обама, исто така се има потпишано на топката.

„ Јаки гласови “

Името на иницијативата „Саути Ку“ е кисвахили и значи „Јаки гласови“. Како иницијаторка, Др. Аума Обама, поседува долгогодишно искуство во соработка со невладини организации и преку фондацијата се сретнува со еден од најголемите проблеми со кои Африка секојдневно се соочува: заминувањето на младите луѓе од околните региони во големите градови. Големите надежи за подобар живот, честопати не се исполнуваат а направениот чекор за финансиска самостојност на младите луѓе, станува безуспешен. „Саути Ку“ интензивно работи на тоа, благовремено да го спречи тој тренд на напуштање на родната земја кое носи неуспех: преку развојот на околните региони во атрактивни места за живеење и соговор со природата. „Младите луѓе треба да разберат дека својата судбина треба да ја земат во свои раце" - вели Др. Аума Обама. „Тие забележуваат дека кога и тие помагаат и делуваат, тогаш можат да постигнат многу повеќе - повеќе се мотивирани и напорно работат. Ним им се потребни можности и нашата подршка.“ Да се искористат ресурсите кои на земјата и на луѓето им стојат на располагање - тоа е дефинивниот водечки мотив.

Понатамошни информации ќе најдете на www.sautikuufoundation.org.

Др. Аума Обама е родена 1960 во Кенија. Повеќе години има живеено во Германија, каде студирала германистика во Хајделберг на универзитетот Бајероит. Повеќе години Аума Обама се ангажира за младите низ целиот свет. Пред да започне со Сути Ку, таа долго време беше социјален амбасадор за поттик на обесправените деца и младинци. До 2011 таа беше активна во организацијата за развој Сare. Со фондацијата Саути Ку, таа денес особено се залага за обесправените деца и младинци во Африка. Нејзината животна приказна Аума Обама ја објави во книгата „ Животот секогаш доаѓа измеѓу“.

РЕХАУ групацијата

Како врвна марка за решенија кои се базираат на полимери РЕХАУ е лидер во областите градба, автомобилска индустрија (мотиви за автомобили) и индустрија на меѓународно ниво. Со иновативан сила, присутност во повеќе области и од тоа произлезената синергија, нашето фамилирјарно претпријатие е единствено во индустријата со вештачки материјали. Нашите главни компетенци се развивање на материјали и ситеми и техника за површини. Со своите 19.000 вработени на преку 170 локации ширум светот РЕХАУ завзема значајно место како поттикнувач на иновации.

Во Македонија РЕХАУ е присутен од 1999 година. Од продажното биро во Скопје се обработува пазарот во Македонија, Косово и Албанија. Продажното во Скопје, заедно со претставништвата во Приштина и Тирана брои 21 вработени.

Печати