2

10.04.2013

ПОСЕТА НА ФАБРИКА НА РЕХАУ

Во знак на благодарност за досегашната соработка РЕХАУ, 19 клиенти од Македонија и Косово од одделот објектна техника, проектанти и инсталатери, ги однесе во посета на својата фабрика во Германија во градчето Фихтах. Задоволни од гостопримливоста на раководните структури на фабриката, нашите клиенти успеаа на лице место да се уверат во квалитетот на нашата цевка за питка вода РАУТИТАН, цевката за површинско греење РАУТЕРМ С, како и цевката за безшумна куќна канализација РАУПИАНО ПЛУС.

По пат нашите клиенти беа однесени и на саемот за енергетика во Велс, Австрија а заради опуштање и забава го посетија и музејот на БМВ во Минхен, Германија.

Печати