ГЕНЕО „Производ на годината 2019“

New Content Item

Стручната издавачка куќа за архитектура “Callwey” го наградува системот ГЕНЕО од РЕХАУ како  „Производ на годината 2019“

Со прозоците ГЕНЕО, кои се направени од материјал зајакнат со стаклени влакна, експертот за полимери, РЕХАУ, успева да направи спој помеѓу стабилност и одржлива примена на материјалите со оптимална енергетска ефикасност и голема архитектонска слобода. Стручната издавачка куќа за архитектура Callwey го наградува системот ГЕНЕО од РЕХАУ како  „Производ на годината 2019“.

Високо рангирано жири од експерти во архитектурата и медиумите го награди  прозорскиот систем ГЕНЕО со доделување на титулата „Производ на годината 2019“ во издавачката куќа “Callwey“, во категоријата прозорци. Во последната деценија РЕХАУ има произведено преку 50.000 километри прозорски профили од висококалитетен материјал зајакнат со стаклени влакна. Оваа година ГЕНЕО повторно се воведува на пазарот како подобрен производ РАУФИПРО ИКС, со уште подобри својства. „Софистицираната компетентност за материјали е основа за флексибилни и паметни прозорци, кои се доследни на највискоите барања на дизајн и естетика.“, објаснува Петер Котцур, директор на одделението за маркетинг - прозорски решенија во РЕХАУ. „Наградата го нагласува ова, бидејќи наградените едносемјени и двосемејни иноватнивни куќи од страна на издвачката куќа за архитектура “Callwey“ на германското говорно подрачје важат како мерило за квалитет“

Неограничени можности за архитекти

Во прозорскиот систем ГЕНЕО од РЕХАУ направена е комбинација на патентирано јадро на профилот од РАУФИПРО ИКС со оптимална конструкција на профилот и интегриран систем за зајакнување ИВС (IVS) за максимална стабилност, без челично армрање. Со избегнувањето на топлинските мостови ГЕНЕО успева да достигне Uf-вредност до 0,79 W/m²K и со тоа ја намалува потрошувачката на енергија до 76 проценти. Со висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО ИКС, РЕХАУ успева на ново да ги дефинира границите на возможното, во смисла на големина на прозорците. Благодарение на оптималниот материјал со стаклени влакна можат да се конструираат прозорци во бела боја до 2,80 метри висина и до 1,60 метри ширина. До сега овие конструкции за изработуваа исклучиво со алуминуимски профили. Може да зе конструираат и прозорци во боја со висина до 2,70 метри, што е исто така ново мерило во прозорската бранша.

Креативната програма КАЛЕИДО КОЛОР од РЕХАУ со преку 400 бои, овозможува висока креативна слобода за архитектите. Доколку архитектот испланира комбимација на алуминиумски капак со профилот во КАЛЕИДО ВУДЕК изведба, ќе добие високо квалитетна оптика на прозорец дрво-алуминиум. КАЛЕИДО ВУДЕК изгледа и се чувствува како дрво, но истовремено е исклучително долготраен и лесен за одржување.

Функционалноста на ГЕНЕО лесно се надградува со интелигенти решенија од РЕХАУ, како што е превентивната заштита од провала СМАРТ ГАРД или паметниот систем за проветрување ИНОВЕНТ. Со висококвалитетниот материјал РАУ-ФИПРО, РЕХАУ допринесува за поодржлив начин на градба: остатоци од профили и стари прозорци материјалот зајакнат со стаклени влакна ги зема назад во ЕКО ПЛУС програмата за рециклирање, со цел квалитетна обработка и повторна примена.

Изложба до крајот на ноември

Сите производи кои се наградени од страна на “Сallwey“ издравачката куќа за архитектура со титулата „Производ на годината 2019“ се изложени во германскиот музеј за архитектура во Франкфурт на Мајна до 24. Ноември. 

Печати