Ваша грижа е навреме да тргнете на пат.
Вашите прозорци се грижат за куќата.
РЕХАУ Смарт Гард – превентивна заштита од провали
Кога вообичаените алармни уреди ќе се огласат, штетата најчесто веќе настанала. Бидејќи тие реагираат дури откако лицето кое наслино ги отворило прозорците, е во куќата, а прозорецот или вратата тогаш се веќе оштетени. Покрај пари и други вредни работи, на засегнатите лица истовремено им се одзема и чувството на сигурност.
РЕХАУ Смарт Гард
Ново откритие за безбедност
Потенцијалните лица кои сакаат насилно да ги отворат прозорците, ќе бидат препознаени и одвратени со интелигентен сензор.
Оптичките и акустичните сигнали јасно му покажуваат на престапникот дека воопшто не треба ни да се обиде да изврши провала. На тој начин РЕХАУ Смарт Гард оди многу подалеку од вообичаените алармни системи.
Заштита од насилно отварање на прозорците, која одвраќа пред да настане штета.
Едноставен принцип, голем ефект
Насочена блокада на обидот за насилно отварање на прозорците, кое нема да пречи на изгледот на прозорци. Инсталиран во рамките на прозорските системи СИНЕГО или ГЕНЕО, Смарт Гард активно се грижи за превентивната безбедност и е сосема незабележителен. Интелигентниот сензор го регистрира обидот за насилно отварање и самостојно ја стартува одбранбената програма.
Детекторот за движење регистрира движења во подрачјето до 20 cm пред прозорецот или балконската врата. Паметниот сензорски систем реагира само кога е важно.
Визуелно предупредување на крадецот преку LED.
Доколку крадецот не се повлече, се активира следното ниво на ескалација и следи акустично предупредување од страна на сигнализаторот.
Можноста создава крадци
Голем дел од сите кражби не ги извршуваат професионалци, туку тоа се кражби кои се овозможени од недоволно заштитени прозорци.
Во овие случаи, особено ефикасно се покажува насоченото одвраќање.
Системот Смарт Гард е скриен во горната рамка на прозорските системи ГЕНЕО и СИНЕГО. Покриен е со капак во соодветна боја, кој се грижи за совршена интеграција.
Системот работи самостојно. Напојувањето се врши преку батерии, а комуникацијата со внатрешната сирена или со централата на Паметниот дом се одвива преку радио.
Стручно лице за прозорци го инсталира системот, готов за употреба.
Можна е надградба: РЕХАУ Смарт Гард може да се надгради и за прозорските системи ГЕНЕО и СИНЕГО.
Гласно со сирена
Смарт Гард систем плус
Оптичкото и акустичното предупредување лесно може да се надополни со ефикасна сирена во внатрешноста што во итен случај активира аларм. Сирената за аларм функционира преку радио, не треба да се инсталираат кабли. Таа е едноставна за ракување и има ефикасно дејство. Систем плус може удобно да се активира и деактивира преку трајно инсталиран безжичен прекинувач.
Внатрешна сирена:
Постои можнот за активирање на внатрешна сирена во вистински случај на провала. Компактен облик за суптилен дизајн. Аларм со гласност од 90 децибели – гласен како кружна пила.Конструкција на алармот
Смарт Гард систем конект
Поврзете го Смарт Гард со централата на Паметниот дом и овозможете паметната заштита од насилно отварање на прозорците. Конструкцијата на програмата за паметен аларм нема ограничувања.
Можностите целосно се ориентираат според Вашите желби: од затворање на ролетните преку активирање на сирената за аларм, па сè до насочена порака на Вашиот паметен телефон.
Флексибилно и безбедно за во иднина
Нашето решение за Паметниот дом е компатибилно со бројни производители, на пр. Abus, Homematic IP, Philips, Osram и Sonos.
Подготвено за употреба
Кутијата ја инсталира производителот и е подготвена за употреба а системот е веќе конфигуриран.
Апликација за удобна контрола
Сите Ваши решенија за Паметниот дом ги имате удобно и со еден поглед на дофат – во секое време и насекаде.
Практичен дополнителен прибор
За уште поголема удобност, добивате други производи, на пр. далечински управувач и контакти со прозорецот.