Животна средина и безбедност при работа

Одговорни и сигурни

РЕХАУ е одговорно пристапува кон за централните теми на иднината и веќе дава вредни придонеси за заштита на животната средина. Со развој на системски решенија, ефикасно ја користи и дистрибуира енергијата или пак ја добива со заштеда на ресурсите. Нашето чувство за одговорност се протега кон еколошки и економски разумните системски решенија за нашите клиенти. Тоа го обликува нашето размислување и дејствување во секоја фаза од секојдневниот живот.

000203C4_6008_1 - 6008

Заштита на животната средина

Ние внимателно ги следиме можните ризици за животната средина и влијанието кое го имаат на нашите активности вирз истата, со цел да ги избегнеме или да ги намалиме на минимум. Основата на нашата одговорност е политика за животна средина на РЕХАУ: принципи - одржливост, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа, принципи за безбедност - одржливост, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа / Principles – Sustainability, environmental protection, occupational health and safety, security.

Активно сме посветени на концепти за рециклирање и учество во разни иницијативи за усогласување со меѓународните стандарди. Член сме на Баварскиот пакт за животна средина.

Нашата компанија работи со систем за управување со животната средина според ISO 14001 на сите локации и е соодветно сертифицирана. Сертификатите можете да ги преземете тука:

Zertifikat TÜV ISO 14001 (Deutsch)
Certificate TÜV ISO 14001 (Englisch)

Работа и здравствена заштита

РЕХАУ систематски ги евидентира и проценува можните опасности на вработените на работните места. Безбедноста и здравјето на нашите вработени се главен приоритет, поради што ние ги надминуваме минималните стандарди. Убедени сме дека може да се избегнат сите несреќи при работа и професионални заболувања. Политиката за здравје и безбедност при работа на РЕХАУ се заснова врз овој принцип: принципи - одржливост, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа, принципи за безбедност - одржливост, заштита на животната средина, здравје и безбедност при работа / Principles – Sustainability, environmental protection, occupational health and safety, security.

РИЧ (REACH)

На 01 Јуни 2007 г. стапи на сила новата европска регулатива за хемикалии РИЧ (REACH). РИЧ (REACH) е единствен систем за евалуирање, регистрирање и авторизирање на хемикалиите, со цел подобрена заштита на човековото здравје и животната средина. Затоа сите суровини произведени во ЕУ како и увезените материјали во ЕУ подлежат на процес на регистрирање.

Бидејќи РЕХАУ произведува исклучиво производи а не суровини, не сме многу засегнати од РИЧ (REACH). За спроведување на конкретните законски обврски се ангажира посебен проектен тим.

Доколку имате конкретни прашања за РЕХАУ производите и РИЧ (REACH обратете се на reach@rehau.com.

Engineering progress

Enhancing lives