РЕ.ГАРД сигнализаторите за вода откриваат вода на особено критични места и помагаат во дополнителната заштита на домот од оштетувања од водата.
Сигнализатори за вода – секогаш онаму каде што се потребни
Уживајте во повеќе безбедност со РЕ.ГАРД сигнализаторите за вода
Одводи што пропуштаат или спојки кои капат во ѕидот: Оштетувањата од водата честопати се откриваат дури кога веќе се засегнати ѕидот, подната облога или инвентарот. Сигнализаторите за вода кои, по избор, се достапни со РЕ.ГАРД контролерот на вода се грижат да не дојде до големо оштетување. Тие ја регистрираат истечената вода а може да бидат поставени насекаде во домот.
Поставувањето на сигнализаторите за вода е можно благодарение на продолжниот кабел кој го има во пакетот на испораката, така што може превентивно да се реагира на сите критични места, независно од локалните околности.
На кои места е препорачливо да се постават сигнализатори за вода:
Машини за перење
Дефектните црева или заптивки кај машините за перење и машините за миење садови може да бидат проблем. Вградените аквастоп функции може да не реагираат – и да настане голема штета.
Бања
Од кадата што се прелева па сè до пукнат сифон под мијалникот: Во бањата брзо може нешто да тргне наопаку.
Дневни соби и кујни
Одводи што пропуштаат или спојки што капат во ѕидот: Оштетувањата честопати се откриваат дури кога веќе се засегнати ѕидот, подната облока или инвентарот.
Продолжна сонда
Продолжен кабел со сензор за особено тешко пристапни места. Продолжната сонда кај сигнализаторот за вода е опфатена во обемот на испорака.