Fußbodenheizung

Очекувајте повеќе од Вашиот дом со подното греење и ладење

Во домот не сакаме ограничувања, ни кога станува збор за идеи, ни кога се работи за удобноста.


Повеќе комфор, повеќе место и повеќе квалитет на животот

Подното греење и ладење на РЕХАУ отвора голем број можности. Очекувајте топлина што ќе се почувствува, но нема да се види. Тоа остава повеќе простор за Вашите замисли и чувство на благосостојба.


Уживајте во целосната флексибилност

Многу време се користи при уредувањето на домот. Бојата, мебелот и декорацијата – сè треба да биде токму онака како што сме замислиле. Зошто притоа да правиме компромиси?

Подното греење и ладење на РЕХАУ Ви дава можност да ѝ дадете одврзани раце на Вашата замисла како да си го уредите домот. Веќе нема радијатори што го блокираат скапоцениот простор, туку повеќе простор за Вашите идеи.

Очекувајте повеќе слобода:

Повеќе слободно време

Подното греење на РЕХАУ не привлекува прашина, не мора да се лакира и нема тешко достапни агли кога се чисти со правосмукалка.

За сите подни облоги

Без оглед дали се работи за под од плочки, паркет, теписон или ламинат – подното греење и ладење на РЕХАУ е практично/идеално за сите видови подни облоги.

За новоградба или санација

Системите за подно греење и ладење на РЕХАУ имаат мали димензии за монтажа со што се овозможува вградување според индивидуалните потреби.   



Поголем фактор на благосостојба – во секое време и насекаде

Околу 90 % од времето го поминуваме во затворен простор. Соодветната температура во голем дел го создава квалитетот на животот. Треба ли да се откажеме од удобноста?

Подното греење и ладење на РЕХАУ обезбедува рамномерна распределба на топлината во целата просторија. За разлика од поединечните радијатори, тоа ја загрева просторијата, топлината се дистрибуира насекаде со што не се создаваат студени или премногу топли зони. Очекувајте пријатна клима во просторијата – без оглед каде стоите или седите.

Уште поголема удобност нуди индивидуалниот систем за контрола на просториите НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) којшто овозможува онлајн регулирање

Дознајте повеќе за регулирањето на температурата


Поголема одржливост

Во прилог на удобноста и флексибилноста, треба да се каже дека подното греење и ладење на РЕХАУ штеди енергија – што е добро за околината, но и за вашиот џеб, а набавката не е поскапа отколку кај конвенционалните радијатори. Тогаш, зошто би се одлучиле за стандардно решение кога има повеќе одржливи решенија за истата цена?

Кога станува збор за одржливоста, добро е да се знае дека подното греење на РЕХАУ можете да го комбинирате со различни обновливи извори на енергија, како што се: сончевата термална или геотермална енергија – факт што го потврдуваат и KFW (Германска финансиска групација) и многу други  институции.



Заштеда на енергија до 20 %

Имате прашања за подното греење и ладење?

Често поставувани прашања на подно греење

Очекувајте повеќе совети и поддршка.

Советување, објаснување, поддршка. Вашите клиенти во денешно време очекуваат повеќе од самата инсталација. Но, нели би било убаво ако исто така би имале лице за контакт за стручна поддршка? Ништо полесно од тоа. Ви стоиме на располагање со нашето портфолио на иновативни производи и услуги. Контактирајте нѐ.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection