BAU-D393 - 18145554

РАУТИТАН: За вода и топлина

Сигурна инсталација.

РАУТИТАН: Универзален систем за вода за пиење и греење.

Како целосен и варијабилен систем, РАУТИТАН е првиот избор за современи инсталации.

BAU-D282 - 17695957

BAU-D387 - 17846614

Инсталација за вода за пиење:

Безусловна хигиена, долгорочна сигурност и едноставна монтажа: РАУТИТАН системот е водечки кај инсталациите за вода за пиење во светот.

Радијаторски приклучок:

РАУТИТАН нуди решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на радијатори од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Флексибилни цевки и стабилни цевки кои не ја менуваат формата со големи резерви на безбедност:

Универзалната цевка РАУТИТАН флекс нуди оптимална флексибилност - дури и при ниски температури. Ако за инсталацијата е потребна цевка која е стабилна при свиткување, тогаш се користи РАУТИТАН стабил – робусна метално-полимерна композитна цевка. Предизолираните цевки обезбедуваат уште поекономично поставување.

Rautitan-trinkwasserinstallation-im-detail_MK - 114548


Дали знаевте?

Материјал со највисоки перформанси:

Пекс А (PE-Xa) цевки за долговечност, отпорност на корозија и за едноставна обработка.

100% топлинска изолација според EnEV:

Предизолираните цевки со димензии од 16 до 25mm, овозможуваат пократко време за монтажа.

Едноставна инсталација.

212838 - 113675


РАУТИТАН: Техника на спојување со подвижна навлака – оригинал.

Безбедност без компромиси:

РАУТИТАН, со цевката, фитинзите и подвижната навлака постигнува трајно заптивен спој. И тоа без О-прстени. Самата цевка претставува заптивка, инсталацијата е веднаш отпорна на притисок. Робусните материјали дозволуваат обработка на температури до -10°C.

850-D009 - 23497947

1. Проширете го крајот на цевката

850-D008 - 23497765

2. Поставете го фитингот

850-D007 - 23497651

3. Навлечете ја подвижната навлака

Трајна непропустливост само во 3 чекори:

Нема потреба од полирање и калибрирање на цевките. Професионалните алати на РАУТУЛ серијата дополнително ја поедноставуваат инсталацијата. Дури и пред испитувањето под притисок, со едноставна визуелна инспекција може да се потврди професионално направената врска.

Дали знаевте?

Системот на цевки и техниката на спојување се користат повеќе од 30 години во повеќе од 50 земји. Притоа, до денес се произведени над 800 милиони подвижни навлаки.

Долгорочна инсталација.

РАУТИТАН: За инсталација за вода за пиење без олово

Новата легура од црвен гус без содржина на олово RAUTITAN RX+ ги има сите редности на етаблираниот материјал црвен гус и доплонително без содржина на олово.

Голема отпорност на корозија без олово

Новиот материјал РАУТИТАН RX + е детално лабораториски тестиран, повеќе години, за неговото влијание на срцето и бубрезите. Легурата е стандардизирана со DIN SPEC 2701 и од 2018 година се наоѓе на позитивниот список на метали на Федералната агенција за животна средина, коишто се погодни за хигиена на водата за пиење.

Со новата легура, како и кај конвенционалниот црвен гус, големиот удел на калај овозможува оптимален  покривен слој. Со тоа, покрај големата отпорност на корозија, се постигнува и долгорочна безбедност.

RAUTITAN RX+

RAUTITAN RX+

Последователен понатамошен развој:

РЕХАУ веќе подолго време ја следи темата за инсталација за вода за пиење без олово: Така уште во 2009 година, со воведувањето на полимерните фитинзи без навој РАУТИТАН PX (димензија 16 до 40 mm), беше направен првиот чекор, а со фитинзите РАУТИТАН SX од не’рѓосувачки челик (димензија 16 до 40 mm) во 2011 година вториот чекор, за развој на систем без олово. Новите фитинзи без олово РАУТИТАН RX+ (димензија 16 до 63 mm) сега, претставуваат консеквентен исход.

Дали знаевте?

Хигиена на водата за пиење

Потребата и желбите на потрошувачите, за хигиена на водата за пиење, во следните години постојано ќе расте.

Европска REACH-листа на кандидати

Оловото во 2018 година беше додадено на листата на потенцијални опасни супстанци.

Современа инсталација.

РАУТИТАН: Техника за вода за пиење, оптимизирана за задржување на хигиена на водата.

РАУТИТАН ги нуди сите предуслови за хигиенска инсталација за вода за пиење.

Последните неколку метри се критични:
Безбедна, висококвалитетна вода е нашиот најважен прехранбен ресурс. Квалитетот не смее да биде нарушен поради погрешни инсталации во објектите. Затоа, обезбедувањето на квалитетот на водата до последната точка бара најголема грижа - од планирање до спроведување во согласност со хигиенските стандарди.

Поглед кон иднината:
Откако ќе се инсталира, цевките исчезнуваат во ѕидовите и во под, така што стануваат невидливи. Ова е причината зошто е важно да размислите пред да изберете систем на цевки. РАУТИТАН е импресивно долготраен и ги задоволува стандардите за хигиена на иднината.

Време за нов вид инсталација

РАУТИТАН е дизајниран за интелигентно водење на цевки, особено за решенијата со проодни точки и кружните инсталации. Доколку поединечните точки на течење или дури и целите цевки не се користат привремено или долгорочно, водата продолжува да тече за ефикасно спречување на микробна контаминација, како што е бактеријата легионела.

Технологија која обезбедува хигиена на водата за пиење

Мазните површини на РАУТИТАН спречуваат собирање на талог во цевката. Внатрешните контури на приклучоците се хидраулички оптимизирани, со многу мала загуба на притисок. Сите искористени материјали подлежат на строги инспекции и се сертифицирани за употреба со вода за пиење.

rautitan-trinkwasserinstallation_MK - 114549


Дали знаевте?

До 50% поголем внатрешен дијаметар:

Во споредба со другите технологии за спојување, РАУТИТАН овозможува речиси непречен проток дури и на спојните места. Благодарение на технологијата на проширување на цевката, стеснувањата во инсталацијата се доведени до минимум.

Без микроби. Одобрена од институтот Фраунхофер:

Високата заптивност на фитинзите ефикасно го спречува микробното загадување. РАУТИТАН е сертифициран, дека нема мртов простор на местата на спојување.

Флексибилна инсталација

РАУТИТАН : Индивидуални варијанти за поврзување на радијатори.

РАУТИТАН нуди соодветни решенија за сите начини на вградување без оглед дали се работи за приклучување на грејни тела од ѕидот, од подот или од подни лајсни.

Се мислело на сè:

Нашиот асортиман на цевки, фитинзи и додатоци, овозможуваат изведба на сите релевантни варијанти на вградување. Разделниците за распрeделба и собирање на приклучни водови, ја комплетираат палетата на производи.

888-08-D054 - 27190841

RAUTITAN: Anschluss aus dem Fußboden

Приклучок од под:
Висококвалитетниот изглед на приклучните гарнитури од не`рѓосувачки челик, како и можноста за индивидуално лакирање на приклучните парчиња, овозможуваат нивно совршено вклопување во околината.

RAUTITAN: Anschluss an der Wand

Приклучок од ѕид:
Приклучоците исчезнуваат во ѕидот и овозможуваат лесно чистење на подот.

RAUTITAN: Anschluss aus der Sockelleiste

Приклучок од подна лајсна:
Решението за реновирање РАУДУО се карактеризира со оптимално координирана програма на канали, капаци и обликувани делови. Инсталацијата е едноставна и чиста, дури и во населени простории.

Дали знаевте?

100% топлинска изолација според EnEV:

РАУТИТАН, радијаторски приклучен блок за едноставно и енергетски ефикасно поврзување од ѕидот.

РАУДУО - решение 2 во 1:

Две термички изолирани комори, овозможуваат паралелно поставување водови за греење и електрични водови.

Удобна инсталација.

РАУТУЛ: Професионални алати за сите потреби.

РАУТУЛ го комплетира РАУТИТАН . Модуларниот концепт нуди вистински комплет на алат, потребен за изведба.

Инсталација во батериски режим на работа.

РАУТУЛ алатот со батерии, од новата генерација, гарантира долготрајна употреба и кратко време на полнење.

Сеопфатен прибор од А до Ш

Без оглед дали станува збор за приклучоци за притисок, адаптери за проширување, глави за проширување, експандери, внатрешни спирални пружини, преси за подвижни навлаки, ножици за цевки или клешта за цевки: Приборот од РАУТУЛ е оптимално прилагоден на нашиот концепт на професионални алати и уверува со својот квалитетот.

BAU-D386 - 17845773

BAU-D455 - 2871033

РАУТУЛ Quick Change:

Со побрзо менување на главите за проширување, благодарение на патентираниот систем за брза промена, навртувањето и одвртувањето на главите за проширување се сведува на една четвртина вртење. Спротивно на тоа, кај вообичаените фитинзи со навој се потребни четири вртења.

BAU-D404 - 19784520

РАУТУЛ A-лајт2 комби:

Со само 1 алат на градилиште, со вртење на комбинираната единица за проширување и лизгање во насоката на работа, секогаш го има вистинскиот алат. Проширување, префрлање, лизгање – без реконструкција.

Дали знаевте?

Уникатна разновидност

Ниту еден друг понудувач на системи, не нуди таква широка програма на алати.

3 димензии, 1 алат:

Трикратниот систем за компресија, придонесува за брзо и лесно приспособување на димензиите. За различните димензии од 16, 20 и 25 mm е потребна само едн алат. Доволно е едно вртење.

Видеа

Downloads

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection